До крајот на денот сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, која до крајот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро и претежно тивко.

Утре, ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Под влијание на циклонска активност в недела попладне, во текот на ноќта и в понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 25 l/m²) и засилен ветер. В понеделник ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h). Во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето.

Текстот До крајот на денот сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, утре до 33 степени е превземен од МАКФАКС.