Конечно љубителите на фудбалот во Македонија дочекаа нашата репрезентација да се претстави на едно големо натпреварување како што е ЕП 2020.
Предводени од Горан Пандев, „рисовите“ денеска во 18ч во Букурешт ќе ги одмерат силите со селекцијата на Австрија со која досега игравме два пати и загубивме со 4-1 и 2-1.
Време е за трета среќа сметаат во нашиот тим кој гори од нетрпение да потврди дека заслужено е на големото натпреварување.
За пласман во следната фаза потребна е најмалку една победа. Шансата е токму Австрија која може да се победи оптимисти се во нашиот тим. Следни противници се Украина и Холандија.