-Со почеток на имплементација на бас-рапид транзитот, таму ќе биде дозволено движењето само на овие и на противпожарните и амбулантските возила. Останатиот вид на сообраќај ќе мора да се дисперзира по средниот ринг. Мораме да одиме паралелно со тие димензии, затоа што мораме да дадеме и алтернативен начин на граѓаните за движење низ центарот, па да го затвориме авто-сообраќај и тоа како стратешка цел на нашиот град ќе се имплементира заедно со првата фаза на бас-рапид транзитот, изјави градоначалникот Петре Шилегов.
Според најавите, ќе се гради и најголемата пешачка зона која ќе се протега од Старата железничка станица до Бит Пазар.