До 18 и 30 часот гласале 45,71 отсто од гласачите, во Скопје излезноста е 33,82 отсто, соопшти Државната изборна комисија.

Според добиени податоци од 97,60 отсто или 1.340 избирачки места во кои се запишани се 712.549 гласачи, гласале 325.691 односно 45,71 отсто на ниво на цела држава.

По општини состојбата е следна Аеродром гласале 42, 72 отсто, Боговиње 39, 29, Дебар 41, 21, Демир Капија 72, 64, Дојран 72, 78, Карпош 48, 09, Кичево 51, 34, Кочани 40, 44, Крушево 68, 60, Куманово 33, 43, Струга 40, 14, Тетово 44 35, Центар 46, 14, Шуто Оризари 30, 75 отсто.

За Град Скопје од вкупно 474, 304 гласачи во 10 скопски општини бројот од 100 отсто обработени избирачки места, гласале 160.131 избирачи или 33,82 отсто.

Од ДИК соопштија дека сите избирачки места се затворени во 19 часот. Конечната излезност ќе биде соопштена во 23 часот.

Текстот До 18 и 30 часот гласале 45,71 отсто од гласачите, во Скопје излезноста е 33,82 отсто е превземен од МАКФАКС.