ДНК анализите на примероците земени од семејствата на загинатите во тешката автобуска несреќа во Бугарија, кои се вршат на Институтот за судска медицина во Скопје, треба да бидат завршени до денеска напладне. Јавното обвинителство ги очекува истражителите од Република Бугарија денеска да ги подигнат овие примероци и извршени анализи, изјави Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески утринава во онлајн вклучувањето за бугарската телевизија „Бугарија он ер“.
Тој појасни дека шпекулациите за евентуален осми преживеан патник од несреќата ќе се расчистуваат со споредба на листите од граничните премини на двете земји. Целото вклучување на следниот ЛИНК