На социјалните мрежи кружи документ, поточно речени дневно мени, подготвено од Службата за општи и заеднички работи за цените во ресторанот во владата. Па, може да се забележи дека владините функционери се хранат за евтини пари, за разлика од граѓаните. На пример бифтек е 180 денари, телешко печење 160 денари, пастрмка 450 денари.
Пред само неколку дена излезе во јавноста и ценовникот во Собранието, а цените речиси беа исти и за пратениците.