Принудена да се крие во таен мал стан во Амстердам, малата Ана го напиша дневникот што стана едно од најтрогателните сведоштва за трагедијата на нацистичките прогони. Нејзината животна приказна започна на 12 јуни 1929 година. 

Ана Франк била живо и љубопитно девојченце кое сонувало да стане писател. Нејзините соништа беа брутално уништени од историјата, кога нацизмот ја погоди цела Европа, проголтајќи животи, идеи и надежи.

профимедиа

Ана била Еврејка и за оваа „вина“ морала да се скрие во еден стан, скриен зад плакар, заедно со своето семејство, исклучувајќи се од тогашниот свет преполн со настани што толку многу сакала да ги набљудува. Како и многумина во тие мрачни години, Ана на крајот била прегазена од нацистичкото зло и завршила во еден од страшните логори. Нејзината приказна, сепак, не умре заедно со неа. Всушност, во суровите месеци на криење, младата жена напиша дневник во кој ја искажа целата своја желба да живее и да му посведочи на светот што се случувало. Тој дневник пристигна до сите нас, и сега Ана Франк е бесмртен симбол на сведоштво за една катастрофа што замина во историјата.

Првите години од животот на Ана

На 12 јуни 1929 година, Ана се родила во германскиот град Франкфурт на Мајна, како ќерка на Ото и Едит Франк. Семејството било прилично добростоечко  – нејзиниот татко, Ото, бил богат бизнисмен,  но глобалната финансиска криза ја клекнала цела Германија на колена.

Во ваква клима на страв и неизвесност, Адолф Хитлер успеа да го искористи незадоволството на народот обвинувајќи ги Евреите за распадот на земјата, и конечно стекнувајќи ја власта во 1933 година. По неговото доаѓање на власт, речиси веднаш започнало насилството и заплашувањето врз еврејските семејства, но Ото Френк направил сè што е можно за да го зачува спокојството на Ана и Маргот, постарата сестра, кои едвај ја забележале огромната омраза кон нивната „раса“. Кога живеачката станувала сè потешка, Ото прифатил работно место во Амстердам, Холандија, за да го повлече со себе и своето семејство. Така, во декември 1933 година, неговата сопруга Едит, и ќерките Ана и Марго ја напуштиле Германија.

Домот на Ана Франк, профимедиа
профимедиа

Селење во Холандија

Во Амстердам, семејството Франк нашло душевен мир. Ото ја водел холандската филијала на „Опетка“, компанија што тргувала со пектин (згуснувачот што се користел за џемови), а двете девојчиња оделе на училиште како и сите нивни врсници. Ото и Едит биле многу внимателни кон образованието на своите ќерки, а и самиот Ото поседувал голема библиотека во Германија, која отсекогаш го привлекувала интересот на Ана, незаситна читателка, која веќе го научила локалниот јазик и почнала да пишува на листови сè што ќе и минело низ умот.

Меѓутоа, во 1939 година, Хитлер ја нападнал Полска, започнувајќи ја Втората светска војна и новите вознемирувања биле веќе тука. Холандија се прогласила за неутрална во конфликтот, но сепак, во мај 1940 година, германските трупи го окупирале Амстердам и семејството Франк повторно се соочиле со фактот дека живеат во земја каде што Евреите не се добредојдени.

профимедиа

Живот во скривница

Со доаѓањето на нацистите, ситуацијата за Евреите во Холандија брзо се влошила. Одеднаш Ана и Маргот веќе не можеле да посетуваат часови и да запознаваат нови пријатели, додека таткото Ото, кој отворил втор бизнис со трговија на сол и зачини, имал големи потешкотии во одржувањето на раководството на неговата компанија, бидејќи расните закони спречувале Евреи да водат било-каков бизнис.

Во годините што следувале, апсењата и насилството станале вообичаени и таткото на Ана – кој уште еднаш ја почувствувал опасноста – започнал да гради тајно засолниште во задниот дел на неговата компанија, на улицата „Принсенграхт“, број 263.

На 5 јули 1942 година, во куќата на Франк пристигнало писмо: постарата ќерка Маргот била повикана да се јави кај властите за да биде одведена во логор и, доколку одбие, целото семејство ќе биде уапсено. Така, семејството Франк во големо брзање се скриле во тајниот стан, скриен зад подвижната (на лизгање на полиците) библиотека, во канцеларијата на Ото.

профимедиа

Бегството било шок за Ана, но таа нашла утеха во тетратката што ѝ била дадена за нејзиниот роденден, неколку недели пред да пристигне судбоносното писмо. Во оваа тетратка, младата жена започна да го пишува својот Дневник во кој раскажува за тешкиот живот во скриениот стан и за нејзините силни емоции поради таквата чудна и надреална ситуација.

Всушност, не само Ана, туку и нејзините родители живееле во станот на улица „Принсенграхт“. Семејството Франк го делело скривалиштето со Ван Пелс, друго еврејско семејство, како и со стоматологот Фриц Фафер, кој ја делел собата со Ана. Вкупно биле осум цимери, присилени на таен живот на нешто повеќе од 50 квадратни метри, а во текот на денот сите морале да внимаваат да не прават никаква врева за да не разбудат сомнеж кај соседите и работниците во компанијата, кој живееле и работеле од другата страна на ѕидовите. Атмосферата во тајниот стан била напната, а во својот Дневник, Ана раскажува дека и расправиите не биле ретки.

Единствениот контакт со надворешноста бил пренесуван од мал круг на доверливи пријатели кои им носеле храна и вести од светот. Овие храбри луѓе кои ги ризикувале своите животи за да им помогнат на илегалните имигранти биле: секретарката на Ото Франк, Мип Гис, нејзиниот сопруг Јан Гис, Виктор Куглер, Јоханес Клејман, Елизабет „Беп“ ван Вајк и Јоханес Клејман.

Мип, секретарката на Ото Франк, и сопругот кои ги криеле во скривницата, фото – твитер

Ана Франк и останатите во тајниот стан живееле кришум зад библиотеката речиси две години, но на 4 август 1944 година непознат информатор (името на вистинскиот предавник е сè уште непознато)  на нацистите им го открил скривалиштето. Сите станари од тајниот стан биле уапсени и веднаш депортирани. Откако нацистите ја напуштиле зградата, Мип Гис успеала да влезе во станот и ги собрала листовитенапишани од Ана, кои ќе станат познати по војната како Дневникот на Ана Франк. Во меѓувреме, трагедии се одвивале и на истокот.

Семејствата Франк и Ван Пелс биле испратени во Аушвиц и оттаму биле разделени: родителите останале во логорот, каде починала Едит во јануари 1945 година, додека Ана и Марго биле испратени во логорот Берген Белсен во ноември 1944 година. Тука и двете, поради очајните услови, се заразиле од тифус, а починале една по друга, во февруари 1945 година. Само Ото Франк ја преживеал војната.

profimedia

Кога се вратил дома, открил дека целото семејство е убиено. Мип Гис му го предала она што го сочувала од денот на апсењето – Дневникот на Ана.

Во 1947 година, Ото Франк направил ревидирање и неколку измени во Дневникот на ќерка си, пред сè заради почит кон другите колеги затвореници, како и за поинтимните теми со кои се занимавала Ана, и го објавил за прв пат во 3.000 примероци во 1947 година.

Поради својата извонредна сила на чувствата, поради неговото човечко и духовно влијание, Дневникот доживеал огромна популарност. Преведен и препечатен е во стотици илјади примероци, и се смета за еден од најпознатите текстови што ја раскажуваат трагедијата на Евреите за време на војната. По Дневникот се направени и бројни филмски изданија. Куќата на Ана – засолништето на Принсенграхт 263, денес е музеј, посетен од илјадници луѓе секоја година.