Овен

Во љубовта нештата се одлични, а ако сте во врска, со партнерот разговарајте за реализирање на некој заеднички план. Мора да бидете пофлексибилни ако сакате да забележите некаков напредок. На работa бидете воздржани и ќе избегнете сериозен конфликт со некој колега. Не плашете се да зборувате за вашите потреби и желби.

Бик

Верувате дека можете да се навикнете на новите услови за работа и во тоа ќе ви помогне една Девица, Стрелец или некој со кој правите планови на подолг рок. Бидете реални, бидејќи најверојатно се работи за работа која ќе биде краткорочна, но, сепак, ќе ви донесе заработка. Дозволете си да бидете среќни.

Близнаци

Ако не сте задоволни со моменталната ситуација, нетрпението и нервозата само ве носат чекор назад. Ослободете се од ваквите чувства, повеќе верувајте во себе. Вие имате доволно сила да се изборите и да ги придвижите убавите работи. Најдобро е кога сте свои, самостојни. Околу вас има луѓе кои ќе ви дадат поддршка.

Рак

Ќе ви се случат неочекувано важни настани што ветуваат поволен исход. Добивате деловна сатисфакција, но таа не ве прави среќни. Бидејќи сте нескромни, ситуацијата ни од далеку не може да ги задоволи вашите апетити. Соработниците ќесакаат да ја продолжат соработката со вас, обидете се да ги уверите.

Лав

Се очекува нешто од вас и тоа со полно право бидејќи вие им должите. За многу работи за кои сте размислувале не сте така заинтересирани како во претходниот период. Кога денот ќе привршува, вашите амбиции ќе бидат се поголеми во врска со работата која треба да ја обавите во јавност, бидејќи ќе проработи вашиот натпреварувачки дух.

Девица

На некого многу ми е важно да ве има во неговата екипа и нема да се двоуми да ја продолжи соработката со вас, дури ни под вашите услови кои воопшто не се минимални. Подготвени сте да се борите за она што го сметате за правилно, а еден колега кон вас е многу неправеден. Разочарани сте, за тоа нема на никого да кажете..

Вага

Ви претстои напорна работа, но вие не се возбудувате многу за тоа бидејќи ви одговара чувството дека можете да се надминете дури и себеси и подготвени сте да влезете во многу комплицирана работа или да се приклучите во тимот на соработници кои имаат големи побарувања. Немате доверба во некоја пријателк која често ве критикува.

Скорпија

Имате цел пред себе и сакате по секоја цена да го направите она што сте го планирале, без оглед на која возраст сте и со што се занимавате.Имате неколку идеи, неколку различни понуди, но главно сите се поврзани за работата во која прекрасно се снаоѓате. Ќе бидете креативни на најдобар начин. Имате на кого да се потпрете.

Стрелец

Се што работите ќе ви донесе некој конкретен резултат дури и ако малку се сомневате дека е можно работата која сакате да ја работите да ви донесе добар профит. Многу сте амбициозни и тоа не го криете, напротив, подготвени сте и многу напорно да работите за да успеете во нешто што на многумина не им успева.

Јарец

Ви се отвораат нови можности кога станува збор за работа со странство. Во состојба сте да ги импресионирате оние со кои работите. Ќе почувствувате наплив на силна енергија која ќе ве инспирира да започнете со промени. Ќе се здобиете со огромна самодоверба и никој нема да може да го сопре вашето напредување.

Водолија

Конечно ќе се уверите кои се вашите вистински пријатели и кои се луѓето кои ви мислат добро. Внимавајте, не ги трошете парите залудно. Ќе стекнете нови пријатели кои исклучително многу ќе ја ценат вашата лојалност. Тоа значително ќе ја подобри вашата позиција на работното место. Се наоѓате во состојба на блага емотивна напнатост.

Риби

Ќе добиете многу деловни понуди, но не брзајте веднаш да прифатите некоја од нив. Разговарајте со вашето семејство за ризиците на работното место, некој ќе ви го даде најдобриот совет околу тоа. Не земајте слободни денови кога немате реална потреба за тоа, колегите веќе се разлутени, обидете се да дадете поголем напор на работа.