Овен
Денес ќе дојде до мало подобрување на вашите лични односи, но и понатаму тешко ќе наоѓате вистински зборови во комуникацијата со партнерот. За повторно да најдете рамнотежа во личните односи, на некои во тоа ќе им помогнат пријателите. Саканата личност, сепак, ве сака и почитува. Не треба да очајувате.

Бик
Нема потреба упорно да ја наметнувате својата волја, партнерот реагира подобро кога постапувате добронамерно и попустливо. Во деловниот дијалог, нечие манири и однесување ви изгледа збунувачки, но во исто време не нудите конкретни одговори. Важно е јасно да се дефинираат целите, и успесите ќе се нижат.

Близнаци
Каде и да одите, забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите, па овие се денови кога лесно ќе си најдете друштво. Ако сè уште сте сами, не седете дома. Излегувајте и дружете се. Оние во врска ќе бидат скромни во емотивните очекувања, но затоа и задоволни.

Рак
Ќе бидете одвоени од партнерот, но тој многу ќе ви недостасува. Ова ќе биде краток период. Оваа недела ќе имате многу работа. Со добра организација ќе успеете да завршите сè. Иако се трудите да го потиснете она што го сакате и чувствувате, сепак, тоа не ви оди од рака. Не ги сметајте колегите за ривали.

Лав
Поттикнете ја имагинацијата во изразувањето, сè што е убаво доаѓа од емоционална близина и меѓусебни договори. Вие знаете како да осмислите задоволителен одговор за вашите соработници или ефикасно решение за различни ситуации. Важно е да разберете и да одговорите на нечии емоционални потреби.

Девица
Повеќето наредни денови со најголемо задоволство ќе бидете мрзеливи. Некои дури и ќе земат дел од годишниот одмор. Оние што ќе работат, ќе настојуваат што побргу да се тргнат од работното место. Надредените и нивната контрола тешко ќе им паѓаат, но ќе издржат со помош на својата смисла за хумор.

Вага
Денот ви носи, конечно, нормална атмосфера на работен план. Сте се вклопиле во процесот на работа и полека смислувате добри идеи за нови проекти. Почнете да остварувате соработка со колегите и ќе предложите некои новини по прашање на проширување на производството. Се чувствувате подготвени да почнете нешто сериозно.

Скорпија
Немате време за губење, ве чекаат важни одлуки и успеси. Се повлекувате во сопствениот свет, го прикривате незадоволството, внимавајте да не бидете повредени. Уживајте во тоа што ви се нудат, не се оптоварувајте со хипотетички прашања. Обрнете внимание на вашите соработници, тие ви сугерираат нешто што за вас е корисно.

Стрелец
Седечкиот животен стил не ви годи воопшто, време е да се активирате и да се придвижите. Започнете со некој спорт, потребна ви е сила. Во работата посветете се на истражување пред да се пуштите во реализација. На емотивно поле, покажете самодоверба и храброст ако сакате да постигнете љубовен напредок.

Јарец
Вашата харизма ќе биде вклучена на максимум. Влегувате во полето на страста и романсата. Тешко некој ќе може да ви одолее, па користете го вашиот шарм за да си ги остварите романтичните соништа. Ако сте во врска, ќе дозволите страста да ве води. Некои ќе добијат предлог за брак и за проширување на семејството. Ќе уживате максимално!

Водолија
Решени сте да си ги остварите соништата, а таквото ваше однесување ќе создаде магија околу вас. Ќе постигнувате високи цели, ќе чекорите со крената глава и со леснотија ќе ги прескокнувате препреките. Среќата е избор, кој вие со задоволство ќе го правите. Ќе пронајдете лесен начин за решавање некој проблем.

Риби
Ќе бидете во центарот на вниманието и нема да ви претставува проблем да ги убедите луѓето во нешто. Избегнувајте драматични дискусии кои може да ви ја исцрпат енергијата. Логичниот начин на размислување ќе ве одведе во вистинска насока, а љубовниот живот ќе ви биде во добра состојба. Искажете ги чувствата и мислите на понежен начин.