Овен
Уживате во добра и стимулативна комуникација со колегите што кулминира во правењето нови планови. Емотивно сте задоволни. Саканата личност буди страст во вас. Нема значајни настани на работа. Се фокусирате на одговорностите и ги правите одговорно. Преку социјалните мрежи стапувате во контакт со интересна личност од странство.
Бик
Ги разбирате обврските на најодговорен начин. Вие сте добро организирани, се грижите да направите сè навреме, квалитетно и успевате во тоа. Саканата личност е напната и се обидувате да ја опуштите. Задоволни сте од приливот на финансии. Спонзорот ги плаќа парите како што ветил. Не сте воодушевени од тоа како се развива врската.
Близнаци
Ќе имате мала загуба, па потрудете се да не ризикувате премногу. Ако сакате со партнерот да ги разрешите проблемите од порано, потрудете се да бидете искрени. Влегувате во фаза на монотонија со саканата личност. Ви се пружа можност позитивно да влијаете врз своето работно опкружување и на сите да им помогнете со мотивација.
Рак
Вашиот впечаток е дека вашиот партнер не е заинтересиран за ништо друго освен за врската и тоа ве гуши. Вашата зборливост ќе ви помогне да ги надминете празнините во личниот живот. Ќе разговарате што недостасува во емотивните односи. Партнерот претерува со сомневањето во вашите чувства и однесување.
Лав
Не сакате да се расправате околу ситници што непотребно ве разделуваат. Секој вид на деловна превентивност ќе биде од помош. Ќе уживате во средбата со една блиска личност. Некој во вас покренува синџир на позитивни асоцијации и поттикнува нови емотивни желби. Средбата или расправијата со една личност е заморна за вас.
Девица
Чувствувате мала резигнација, бидејќи деловните настани не одат во посакуваната насока. Нема потреба да се оптоварувате со „тешки мисли“. Дистанцата која постои пoмеѓу вас и саканата личност може лесно да се отстрани. Во љубовта, вашата желба за совршенство не ви дозволува да уживате во сегашноста.
Вага
Денес на работното место ќе успеете да ги избегнете сите проблеми и денот ќе ви помине добро. Ве очекува потпишување на голем договор или проект. Доколку некој од вас бара да бидете одговорни за одредени работи, однесувајте се така затоа што постои можност за мали расправии. Не сте секогаш подготвени за компромиси.
Скорпија
Доколку имате некое недоразбирање со партнерот, обидете се да го решите уште денес, но не им придавајте големо значење на некои небитни работи. Подобро е да ги игнорирате. Некои ќе се подготвуваат за важни зборови и во главата ќе кројат значаен говор. Не изразувајте го сѐ уште она што го мислите, но, продолжете со планот.
Стрелец
Денес вашите зборови лесно ќе го одразуваат она што го мислите, па ќе знаете дека барем сте се обиделе да делувате или да предложите нешто за што верувате дека е добро. Ќе се чувствувате посамоуверено и поодлучно од кога било. Во топ форма сте и со своето темпо го привлекувате вниманието на луѓето околу вас.
Јарец
Уживате во прегратките на партнерот и таму е вашето безбедно место. Ако сте сингл, не стојте во аголот, соберете храброст и забавувајте се. Оваа недела ќе бидете магнет за успешни луѓе, од кои ќе учите важни деловни лекции. Кариерата ќе ви оди по нагорна линија. Колегите нема повеќе да ги гледате како непријатели, туку како сојузници.
Водолија
Конечно ќе сфатите дека заедно со колегите и соработниците сте посилни. Мора да работите тимски. Држете се до она што го знаете и она што лично сте го провериле во минатото, бидејќи тоа е единствениот начин да избегнете несогласувања со околината, несигурност во приватниот живот и непотребни гласини на ваш трошок.
Риби
Некој ќе го доведе во прашање вашето трпеливост во неколку наврати и ќе се обиде да ве натера да направите работи со кои не сакате да имате ништо. Не подлегнувајте на убавите зборови и допадливите погледи. Можно е некој да сака да ви постави замка. На емотивно поле, станувате сѐ понесигурни во чувствата на партнерот.