Oвен

Не сте склони кон носење рационални одлуки, денес како со вас повеќе да владеат емоциите и некои импулси и такво ќе ви биде и однесувањето. Поволен ден за да го дефинирате односот со вашата сакана личност. Поведете сметка за проблемите кои ги имате со органите за варење.

Бик

Ова не е поволно време да ризикувате многу во работата, туку да се повлечете малку настрана од кругот на пријатели и да почекате погоден момент. Некој што ви е многу посветен ќе биде заинтересиран за вашата работа. Подготвени сте да бидете дел од нешто што може всушност да биде нов голем проект.

Близнаци

Вашата нервоза влијае негативно врз работното опкружување во кое се наоѓате. Му верувате на вашиот партнер и убаво ви е кога сте заедно. Планирате повеќе од врска во иднина. Имате зголемен апетит, килограмите полека но сигурно се таложат. Не бидете очајни. Ставете ред во режимот на исхрана и дефинитивно почнете со некоја физичка активност.

Рак

На професионално поле, на површина излегуваат проблемите што во минатото сте пробале да ги занемарите или да ги турнете под тепих. На емотивно поле, саканата личност ви е посветена и многу ви е убаво кога сте заедно. Пред вас е поволен ден. Водете сметка околу хормоните.

Лав

Ќе имате забележителни промени во однесувањето. Вашиот мирен и бавен пристап кон работите би можел да ги нервира луѓето околу вас. Не таложете негативна енергија, исфрлете ја преку некоја физичка активност. Ова е еден од оние денови кога треба да се наоружате со насмевка и трпение.

Девица

На деловно поле оставате добар впечаток на разговорите за работа. Очекувате дека работите ќе се свртат. На емотивно поле, максимално сте опуштени и убаво се чувствувате кога сте покрај личноста што ја сакате. Уживајте кога сте заедно. Внимавајте, алергиите ве напаѓаат.

Вага

Неодлучни сте и тоа го сметате за своја најголема мана. Понекогаш, кога станува збор за работата, треба брзо да реагирате. Иако сметате дека сте ја преболеле личноста од минатото, не ви е лесно во својата глава да ставите точка. Потребна ви е масажа.

Скорпија

Бидете подготвени да се вклучите во некои работи што изгледаат многу напорни и кои можеби не ви одговараат. Сакате да добиете можност да се договорите околу работата што би можела прилично многу да ви одговара, особено ако има врска со јавноста.

Стрелец

На професионално поле, поволен е денот ако се занимавате со работа што од вас бара оригиналност, креативност итн. На емотивно поле очекувате контакт со личноста што ја сакате. Можете да се надевате на позитивни работи на ова поле. Потребен ви е сон, здравјето ви трпи.

Јарец

Не сте задоволни од условите што ги имате на деловен план и сакате да го менувате работното место. Доколку сте во брак, со саканата личност ве очекува оддалечување, можеби размислувате и за развод. Кожата ви е чувствителна. Се препорачува спортување.

Водолија

Напорен ден, особено ако треба да се сретнете со некој Јарец, кој ве наговара на нешто што не ви оди во прилог. Верувате дека можете да ги убедите Близнаците и Рибите да ги прифатат вашите совети во врска со работата во државна служба или на некој многу одговорен проект. Денес ќе имате нервози поради некои неочекувани трошоци.

Риби

Не е препорачливо да ризикувате на деловно поле. Денешниот ден може да ви донесе некоја загуба и разочарување. Веројатно ќе се впуштите во расправија со другите. Вашата лутина може да биде резултат на вашите мали финансиски проблеми. Ве очекува интересен ден, во кој може да запознаете нова личност и да флертувате со неа.