Овен
Личноста која влезе во вашиот живот, ќе разбуди бура од емоции во вас, па ќе ви биде тешко да дефинирате што точно чувствувате. Љубов или само моментална страст? Дајте ѝ време на вашата глава да се „излади“, почнете пореално да размислувате. Не се мешајте во туѓите животи, ќе си ги натоварите туѓите проблеми.
Бик
Не мора секогаш да им бидете на услуга на другите. Овојпат би можеле малку повеќе да се посветите на себеси и на она што го сакате во работата. Раширете ги рацете и пречекајте ги сите убави нешто коишто денес ќе ви се случуваат. Ништо нема да ве прави посреќни од тоа. Ќе запознаете интересна личност на неочекувано место.
Близнаци
Искористете ја својата нежна страна ако сакате да добиете нешто. Денес агресивноста и грубите зборови нема да ве направат успешни. Претпочитајте ги учтивоста, насмевките и убавите зборови. Можете да го покорите светот, ако решите да промените дел од себе. Не запирајте ако срцето ви кажува да чекорите понатаму.
Рак
Денес ќе летате од среќа и радост. Ќе слушнете вест која ќе го помести центарот на вашиот свет и ќе ве натера да направите огромни промени во вашиот живот, но со насмевка на лицето. Планирате да го проширите својот бизнис во нова област, на подалечни хоризонти. Најдобрите резултати ќе ги постигнувате далеку од дома.
Лав
Емотивниот партнер го забележува вашето незадоволство и се обидува да го крене вашиот морал. Ќе го дефинирате својот став на тема доминација во врската. Ќе барате поголема рамноправност. Работите ќе ги извршувате безволно, а со нетрпение ќе побрзате на една забава, каде ќе се дружите со весели луѓе.
Девица
Разочарани сте од одредени соработници затоа што не ги исполниле ветувањата што ви ги дале. Од таа причина, вашиот бизнис страда. Фокусирани сте на деловните проблеми па го занемарувате вашиот партнер. Тој е вознемирен од вашето однесување. Бидете целосно искрени и отворени пред него. Ќе слушнете среќна вест.
Вага
Ве исполнува фактот дека ја работите работата во која уживате. Покрај добивката, може да се случи и некое патување поврзано со долгорочните деловни договори. Можна е емотивна врска со лицето во вашето деловно опкружување, кое извесно време ви се додворува. Имате повеќе додворувачи. Одлучете се за еден.
Скорпија
Навистина ви е потребна доза на приватност меѓу мноштвото обврски. Вашиот партнер ќе го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции. Ќе возвратите со иста мерка. Добра идеја е да слушате што ви говори вашето тело. Ќе бидете во одлични односи со семејството, а најмалите членови ќе играат доминантна улога во денот.
Стрелец
Кога се среќавате со саканата личност, важно е да се задржи меѓусебната доверба и приврзаност. Претерувате со сомнежите. Некој ви нуди добра деловна можност, но во исто време очекува сервилност или некаква контра-услуга од ваша страна. Таа личност игра на карта – ќе ти помогнам, ако направиш одредени работи за мене.
Јарец
Денот ќе биде мирен за вас. Ако немате конкретни планови и очекувања, едноставно уживајте во она што се случува. Поседувате огромна креативна моќ, но денес нема да бидете подготвени да ги споделите вашите идеи со светот. Повеќе ќе ви се допаѓа да работите од зад кулисите и да работите сами. Што чекате? Направете го тоа.
Водолија
Денес ќе се чувствувате особено романтично и сексуално и ќе сакате што побрзо да се фрлите во прегратките на саканата личност. Тоа не значи дека воопшто не сте расположени за забава. И дружењето со пријателите ќе ви звучи примамливо. Ќе бидете особено креативни и ќе имате еден многу пријатен ден, како на работа, така и приватно.
Риби
Не ви треба никој за да успеете. Тоа можете да го направите сами во претстојниот период. Осмелете се да бидете различни. Излезете од невидливиот ѕид зад којшто се криете, и покажете ги вашите вредности и вештини. Верувајте дека ќе наидете на одличен прием, и кај колегите и кај пријателите. Партнерот особено ќе биде воодушевен.