Овен

Не би било лошо на саканата личност да ѝ дадете нешто за што долго време мечтае. Вие сте вистински експерт за романтични изненадувања и умеете да создадете соодветна атмосфера. Внимателно слушајте што ви зборува саканата личност и следете ги малите сигнали за во неговите раце да стаса токму она што го посакува.

Бик

Иако во последно време често паѓавте со духот кога станува збор за љубовта, денес ситуацијата ќе се промени. Свесни сте дека некои работи ги сфаќате премногу сериозно. Планетарните аспекти ви сугерираат да се опуштите и да уживате во друштвото на новата симпатија. Бидете спонтани и природни, токму онака како што сте.

Близнаци

Можно е да направите забава во вашиот дом на која ќе ги поканите луѓето со кои ретко сте се гледале во последно време. Саканата личност нека ви помогне во потребните подготовки. Направете вкусна вечера, пуштете музика и уживајте во пријатната атмосфера. Можно е и некои нови, интересни луѓе да присуствуваат на забавата.

Рак

Пред вас е една интересна, малку напната вечер. Размислувате околу тоа како да ги решите проблемите кои ги имате во односот со саканата личност. Потрудете се да се контролирате себеси и својата суета. Често може да бидете наклонети кон претерувања. Може да очекувате многу позитивна атмосфера на работа.

Лав

Немате доволно концентрација и тешко ви паѓаат и основните обврски. На емотивно поле, сега е момент во кој врската или ќе ви напредува, или ќе се прекине. Имате чувство дека средни решенија не постојат. Оние што се сингл, ви се допаѓа личност која покажува дека не е сигурна дали сака нешто повеќе од флерт.

Девица

Работите доаѓаат во рамнотежа и се движат со вообичаен тек. Успеавте да се договорите и сега одите понатаму. Она што потајно сте го истражувале, денес се отвора и добивате договори и решение на таа тема. Ова ќе го употребите за да го комплетирате успехот. Земете пауза, инаку, брзо ќе согорите поради вашите амбиции.

Вага

Сакате да најдете заеднички јазик со сите, но и свесни сте дека тоа е невозможно. Сепак, ќе се обидете да дадете сѐ од себе. Семејните односи ќе чкрипат, па вашите обиди за балансирање ќе пропаднат. Иницијативата на брачниот партнер или на некој член од семејството околу некои ситуации само ќе ве иритира дополнително.

Скорпија

Не можете секогаш да управувате со разговорот онака како што сакате. Подготвени сте на сите да им „солите памет“ и да им објаснувате што вие би направиле доколку би биле на местото на некој друг. Со ваквиот настап, можете некои соработници да ги избркате од вас, а сериозно да го повредите емотивниот партнер.

Стрелец

Вашите повремени избувнувања им се добро познати на сите. Многумина тогаш бегаат од вас. Понекогаш можеби е добро да се издувате на тој начин, но понекогаш станувате напорни и луѓето полека ќе почнат да ве избегнуваат. Потоа се каете, па се умилкувате како маче. Тоа не му оди во прилог на вашиот имиџ на работа.

Јарец

Ви се чини дека ја гледате вистинската слика за сѐ околу вас и знаете како треба да се поставите. Сепак размислете уште еднаш пред да делувате бидејќи вашиот поглед е многу едноставен, а ситуацијата комплицирана па можно е да пропуштите нешто. Вашиот позитивен став пред другите ќе изгледа како слеп оптимизам.

Водолија

Денес, никако не постои начин да се организирате и да трошите многу време на обврските кои нормално ги завршувате брзо и беспрекорно. Поради ова, можете да вриете во себе и во вториот дел од денот да ја истурите целата своја фрустрација на личноста која ќе биде блиску до вас. Ќе биде доволно ситница да ве испровоцира.

Риби

Се чини дека пролетта дури сега пристигнала за вас, затоа што се чувствувате полетно, енергично, живо и не можете да чекате да бидете повторно со личност што ја сакате. Денес ги ставате емоциите пред деловните обврски. Ќе ги извршите само потребните работи. Целиот денешен ден ќе биде за паметење. Ќе уживате во страста.