Овен

На професионално поле, незадоволните од работата, ќе се засилат за да ги променат работите, па ќе одат дотолку далеку – ќе сакаат да ја сменат и професијата. Задоволните ќе мечтаат за да биде уште подобро. На љубовно поле, пред вас е ден полн со емотивни фрустрации. Што и да правите, ќе излезе задоволително.

Бик

Работите за кои се бара емоционален ангажман добро се поставени. Некои ќе се преоптоварени со работата. На емотивно поле, ќе се занимавате со мисла дали да се впуштите во нешто позначајно со личноста што ја среќавате низ работната средина. Златно правило е да не се плеткате со колега, но можеби ќе се претвори во силна љубовна врска.

Близнаци

Денес ќе успеете да се извлечете од некоја лоша ситуација. Ќе бидете полни со енергија и ќе сакате да правите нешто продуктивно. На работното место обрнете внимание на односот со колегите. На емотивно поле, вашите инстинкти ќе ви помогнат јасно да ја согледате ситуацијата и да ја донесете вистинската одлука.

Рак

Работните прашања што останале нерешени, може да ги довршите во следниот период и тоа во своја корист. Пред вас е период кој може да ви донесе компликации во љубовта. Постојано барате причина за да го потцените партнерот. Ако продолжите во таа насока, ќе го изгубите. Ќе ви годи физичка активност.

Лав

Влегувате во полето на сериозните партнерства и љубовта, што ќе ви донесе нови почетоци во врските. Можно е одеднаш да одлучите да се вселите под ист покрив со партнерот. Ако не сте во врска, во претстојните две недели ќе бидете освоени од вниманието кое ќе ви го посветува специјална личност. Флертувајте со зборови!

Девица

Вашите вештини конечно ќе станат препознатливи, а ќе доживеете и унапредување. Ако имате домашна задача, сега е време да ја завршите за да не ви тежи следната недела. Избегнувајте претерано да се исцрпувате. Потребно ви е движење, активност, но и одмор. Со партнерот ќе уживате во секој заеднички миг.

Вага

Успешно ќе ги решите проблемите што сте ги имале на професионалното поле. Може да очекувате дека ќе имате многу среќа. А, тоа поткрепено и со финансиска добивка. Не се чувствувате добро кога сте со партнерот. Крие многу работи од вас. Врската ви влегува во сериозна криза. Ако сте слободни, добар ден за флерт.

Скорпија

Стапете во контакт со оној што ви се допаѓа, останатото ќе биде магија! Влегувате во период на страста и романсата. На сите полиња ќе ја покажете неодоливата страна од вашиот карактер. Луѓето ќе ве обожаваат, па ова е совршен период за да привлечете внимание. Од сите страни ќе добивате прекрасни понуди, професионални и љубовни.

Стрелец

Саканата личност ќе ви помогне да им се приближите на личните цели. На работното место ќе се истакне вашата креативност. Ќе бидете инспирирани да ги решите и најтешките проблеми. Ако сте во врска, запрашајте се дали можеби вложувате премногу. Размислете за заедничката иднина со партнерот. Проблеми со желудникот.

Јарец

Не двоумете се да се повлечете од некој конфликт и најдете време за активност што ви причинува задоволство. На работното место ќе добиете некоја важна информација. Ако сте во врска, премолчете што и да имате да кажете. Оставете ги сериозните разговори за друг ден. Со партнерот ќе остварите значајни промени во односот.

Водолија

Работите ќе се развиваат на љубовен план, но со исто темпо и ќе исчезнуваат ако не бидете внимателни. Добар период за инвестиции. А, може и поднова – нов стан или нов автомобил. Не надевајте се дека прекинувањето на контактите со некои личности нема да доведе до прекин на односи од кои имате потреба. Малку конфузен ден.

Риби

Време е за менување на оние навики што отсекогаш ве иритираа, но тврдевте дека не можете да ги промените. Не само што можете, туку и сѐ ќе правите со леснотија. Можно е да заработите пари на сосема неочекуван начин. Доволно е само да бидете поамбициозни и да не се сомневате во сопствените способности и идеи.