Овен

Потребна ви е нечија искрена поддршка или личност со која можете да изградите чувство на доверба и блискост. Премногу внимание посветувате на некои споредни настани што дополнително ве оддалечуваат од вашата сакана личност. Изберете ги повнимателно зборовите што ги користите кога се среќавате со соработници.

Бик

За околината ќе бидете привлечни и лесно ќе склопувате нови познанства, кои ќе донесат многу љубовни потенцијали. Довршете ги задачите и проектите на кои работите во моментов. Ќе бидете многу внимателни кон другите, особено вашите најблиски. Отворено разговарајте за сите проблеми што ве мачат. Има кој да ве сослуша.

Близнаци

Другата страна ќе има зголемени барања на тема нежност и емоции, а вие нема да бидете премногу расположени да ја задоволите. На деловно поле, кога своите способности не ги користите со целосен капацитет, би можело да дојде до фрустрации. За тоа ќе размислувате денеска.

Рак

Вашите мисли денес ќе бидат насочени кон личност која сте ја имале во минатото и сте ја изгубиле поради невнимание. Можеби не можете да ја поправите таа врска, но можете да ги извлечете поучните лекции и да не дозволувате грешките да се повторуваат. Започнете да штедите и направете детална анализа на вашиот буџет.

Лав

Ќе добиете можност за да ја покажете својата прецизност. Токму тоа ви е потребно, па со ентузијазам ќе го прифатите предизвикот. Денес, ќе ви се довери некоја блиска личност, само внимавајте да не го злоупотребите тоа. Ако сте во врска, ќе сакате да го продлабочите односот со партнерот, но можни се проблеми токму поради ова.

Девица

Вашата потреба за зборување и денеска ќе биде задоволена, но срцето и  понатаму ќе ви остане празно. Сепак, и зборувањето е нешто. Некои ваши колеги ќе се покажат како вистински лицемери или снобови. Работете точно што се очекува од вас и бидете професионални. Не бидете многу наивни и не им верувајте на сите колеги.

Вага

Ќе бидете чувствителни со голема потреба некој да ве прегрне, да ви каже убав збор, да ви даде комплимент. Копнеете по повеќе нежност. Доколку сте во врска, добро е, но ако сте сами ќе ве мачи копнеж. Во уметничките и естетските професии, би можело да дојде до претерување. Суетата ќе биде премногу голема и штетна.

Стрелец

Оставете барем еднаш партнерот да ги брани општите интереси. Тој ќе се соочи многу подобро од вас. Ќе доживеете непријатност од луѓе со кои имате проблем на работа. Имате можност да склопите добар договор. Предмет сте на внимание кај вашите најблиски. Ви претстојат позитивни промени во љубовта. Потребно ви е повеќе сон.

Јарец

Дипломатската нота станува неизбежна, особено кога за тоа има добар деловен интерес. Ако периодов размислувате за некој стар пријател, денес е совршен ден да го побарате. Сега не е време за брзи одлуки и ризикување. Важно е да ја познавате вашата финансиска состојба. Партнерот ќе има нереални очекувања од вас.

Водолија

На емотивно поле, обидете да се водите од инстинктите и ако внатрешниот глас ви вели дека е време за нешто ново, послушајте се себеси и завршете ја врската која не ви носи ништо убаво. Вашите амбиции ќе бидат толку големи така што ќе го давате својот максимум за да ги остварите целите и навистина ќе уживате во работата.

Риби

Ќе мора да бидете далеку поактивни и подоследни, ако сакате нешто да постигнете, бидејќи сте склони на повремена малодушност и повлекување во себе. Немате многу доверба во оние кои ви се отворено наклонети или се плашите дека би можело да бидете повредени. Денес е важно да не се
расправате.