Овен
Ќе бидете потресени од чудната планетарна енергија. Всушност, „разнишани“ може да биде благ збор. Најдобро би било да се наоружате и да се подготвите за битка. Другите можеби само ќе се наежат кога ќе видат што се случува, но вие сте подготвени да влетате веднаш во огнот. Некој околу вас ги нема сите факти за да донесе правилна одлука.

Бик
Најдоброто нешто што можете да го направите денес е да ја свртите ситуацијата со вашиот позитивен став и да ја претворите во некоја интересна егзибиција. Денес е идеален ден да кажете што имате на ум веќе подолго време. Бидете отворени и директни. Ако продолжите да го чувате во себе, ќе си наштетите само на себе.

Близнаци
Силните емоции ќе бидат вашето главно оружје, а сите околу вас знаат дека ги поседувате – цел арсенал! Не застанувајте, сè додека не успеете. Не дозволувајте нечија несигурност да влијае на вас. Имајте доверба во себе и начинот на кој реагирате. Само затоа што некој друг е тажен, не значи дека вие сте задолжени да го развеселувате.

Рак
Ќе откриете некои вистини за вашите блиски, кои нема лесно да ги прифатите, но за кои ќе мора да разговарате. Ќе имате многу обврски, па најдобро би било да ги сортирате по приоритет. Ве очекува динамична атмосфера во љубовта, од која може да се создадат кавги, но не ги сфаќајте работите премногу сериозно. Ќе ги решите проблемите.

Лав
Денес, вашето мислење може да биде тема на нечиј разговор. Поседувате силна волја којашто не се плашите да ја покажете. Ќе ја имате таа можност. Подучете ги луѓето околу вас со вашето освежувачко знаење. Преземете ја контролата за време на разговорот и прифатете го предизвикот да ги привлечете другите на ваша страна.

Девица
Престанете да се грижите за последиците и започнете веќе еднаш. Денес е денот кога треба да бидете силни и агресивни. Луѓето околу вас би можеле да реагираат исто како вас, затоа очекувајте размена на удари, со кои сигурно знаете како да се справите. Може да има многу забава во обидот и во потрагата по успехот што го сакате.

Вага
Наместо да жалите цел ден што не сте направиле нешто како што треба или сте направиле пропуст, надминете го ова и продолжете понатаму. Човечки е да се греши, така што и вие не сте имуни на ова. Запомнете за следниот пат. Во контакт со една личност, премногу ќе потенцирате што ви е вам важно и нема да сакате да се усогласите со неа.

Скорпија
Вашето чувствително срце денес може да почувствува лутина и бес. Не плашете се дека повредите нечии чувства ако ја искажете таа емоција. Сигурно ќе се обидете да не го покажете вистинскиот степен на вашиот гнев, а на тој начин ќе направите услуга и за себе и за другите. Со тоа ќе го ослободите и ќе го докажете своето мислење.

Стрелец
Денес можно е ненамерно да ја повредите саканата личност, обидувајќи се да ѝ помогнете. Можеби е подобро да им дозволите на блиските да паднат, а потоа да самите да се исправат, посилни отсекогаш. Не им подавајте рака секогаш. Ако сте сингл, врската со личност од ваша близина не е толку невина како што вам ви изгледа.

Јарец
Добро сте расположени и не сфаќате сериозно некои забелешки или однесувања од страна на луѓе со кои блиско соработувате. Знаете што ви е важно да направите и ќе се обидете да ја завршите својата работа навреме, а другите нека се снаоѓаат како што знаат и умеат. За вас е важно да има хармонија во односот со партнерот.

Водолија
Одолговлекувате со некои обврски затоа што не сте доволно фокусирани ниту концентрирани кон работата. Премногу добро сте расположени за да имате некои посебни желби за да истражувате во деловните проблеми. Она што го чекате е средба со партнерот, затоа што ви треба романтика и копнеете по него. Ќе се топите од нежности.

Риби
Ќе бидете склони да проповедате и да држите предавања и на оние кои се подготвени да ве слушаат и на оние кои не се. Важно ви е да го кажете што го имате. Би било добро кога не би функционирале на овој начин во односот со партнерот, бидејќи тоа брзо ќе ве врати на вашето место. Наместо празните приказни, покажете ги чувствата.