Овен
Чувствувате дека ја губите наклоноста на надредените. Затоа, се чувствувате несигурни, и правите грешка по грешка. Ве очекуваат мали проблеми на професионално поле. Можно е да ви се решат некои работи од минатото. Несигурни сте во своите чувства и не сакате да му давате на партнерот лажна надеж.

Бик
Имате силни емоции кон партнерот, кој искрено ви значи. Правите сериозни планови. Уште малку ќе се двоумите дали треба да попуштите, а тогаш ќе сфатите дека љубовта ви е поважна од тврдоглавоста. Мирот со кој што ќе зрачите ќе ѝ влева сигурност на другата страна. Уште повеќе ќе ви се приврзе.

Близнаци
Излегуваат на виделина добрите финансиски резултати. Задоволни сте, контактирате со соработниците за нови проекти. Со саканата личност секојдневно ќе разменувате идеи, но ќе има голема дистанца. Секој ќе сака нешто свое, а усогласувањето ќе биде преку компромис. Најдете ја златната средина и двајцата ќе бидете мирни.

Рак
На емотивно поле, во неформалните дружби ќе бидете успешни, додека во посериозните односи ќе излезете како плашливец. На професионално поле, вашиот труд сѐ уште не е препознаен или очигледен. Всушност, се работи за нешто многу едноставно – треба да се потрудите. Не се расправајте, туку дејствувајте.

Лав
На дневен ред доаѓаат интелектуалните борби. Некои ќе бидат емоционални па ќе ги сработите со страв или лутина. Ќе се чувствувате амбивалентно и нема да знаете на што сте. Фокусирајте се на важните работи. Ако не ја смирите топката во односот со саканата личност, во спротивно ќе се чувствувате осамено. Ќе страдате.

Девица
Немојте да се двоумите ако треба да се впуштите во некаков ризик. Околностите , луѓето и настаните ќе ве поттикнат во тоа. Денес вашата тврдоглавост ќе биде причина за неколку интересни разговори. Истовремено, денес е одличен ден за преговарање, па искористете го ова во ваша корист. Ако сте сингл, поработете на вашиот оптимизам.

Вага
Пред вас е прекрасен ден за дружење и проширување на хоризонтите. Ќе се збогатите со нови лица и свежи идеи. Во вашиот живот ненадејно ќе се појави една личност, која ќе ви донесе радости и љубов. На професионално поле, само оние што работат со луѓе ќе ги исполнуваат со радост своите обврски. Другите ќе одмораат.

Стрелец
Денес сѐ ќе биде во знакот на вашата љубов. Ќе треба повеќе внимание да ѝ посветите на саканата личност. Некако не сакате да се согласите со сѐ што ќе ви предложи партнерот. Преговори, договарања и усогласувања – деновиве ќе бидат главна тема. Но, најпрво ќе треба сѐ да проанализирате.

Јарец
Денес ќе бидете фокусирани на работата. Очекувајте можност да остварите работна стабилност. Нови можности наскоро ќе се укажат. Почнувањето на ново познанство на ова поле ви ја враќа енергијата. Се чувствувате одлично. Очекувајте дека ќе успеете да ги спроведете во дело плановите што ги имате во врска со работата.

Водолија
Среќата е на вашата страна, па ако сте размислувале за некоја инвестиција, можеби денес е вистинскиот ден за тоа. На љубовно поле, обидете се да го контролирате вашиот темперамент. Внимателно избирајте ги зборовите и ќе избегнете многу проблеми. Ви се чини дека партнерот има премногу барања во врската.

Риби
Време е за сериозни разговори со саканата личност. Од неколку настани, ќе бидете поттикнати за да ги „допрете“ чувствителните теми со партнерот како деца, брак, заедничко живеалиште… Ако не сте во врска, ќе запознаете некој со потенцијал за долга и стабилна врска. Не плашете се да се вљубите. Ослободете се!