Овен
Вам веќе почнаа да ви се исполнуваат новогодишните желби. Ќе го остварувате својот љубовен план без никакви проблеми, речиси совршено. Сè ќе ви оди од рака, а насмевката нема да ја симнувате од лицето. Во сите работи поврзани со односи со луѓето, денеска ќе постигнувате добри резултати. Нема ниту грижи, ниту пречки.

Бик
Финансиската ситуација е лоша и фокусирани сте на добивање позајмица или кредит. За жал, доаѓа до одбивање на вашата молба. Партнерот делува незаинтересирано кон вас. Се плашите дека нова личност се појавила во неговиот живот. Под голем стрес и притисок сте цело време. Не зборувајте таму каде што не треба.

Близнаци
Денес ќе ви годат групните активности и разговорите со вашите најблиски. На работното место слободно кажувајте го вашето мислење и споделете ги вашите идеи. Во љубовта владее одлична атмосфера. Ако сте сингл, ве очекува разговор со навистина интересна личност. Можеби ќе почнете да се чудите колку добро ви оди во љубовта.

Рак
Поставувате непотребни прашања на блиска личност и на тој начин индиректно поттикнувате ново сомневање. На деловно поле, вие сте во добра позиција да направите паралелни потези, затоа бидете внимателни при изборот на соработниците. Уште од денес можете да го започнете вашиот нов бизнис

Лав
На деловно поле, ќе делувате на два начина – оној вообичаениот и оној што вклучува големи планови за иднина. Емоциите силно ви проработиле. Заинтересирани сте да влезете во нова врска, но не сакате да вршите притисок на личноста која што ве интересира.

Девица
Ќе бидете малку повеќе сентимантални и понежни од вообичаено. На саканата личност тоа нема да ѝ пречи, напротив. Ќе ја одработите работата како да танцувате. Едноставно, сè ќе ви биде лесно. Нема да поставувате непотребни прашања. Секој има свој став, проблем настанува само кога има два става во заедничкиот живот.

Вага
Не сте претерано концентрирани на работата, и поради тоа сте наклонети кон правење мали грешки. Имате потреба да се слушнете со поранешниот партнер, и му се јавувате. Не сакате да ги анализирате емоциите кон него. Имате различен став кон финансиите во однос на партнерот. Вие сте многу загрижени, а тој е опуштен.

Скорпија
Треба да ги исфилтрирате чувствата и мислите, да побарате нечие разбирање за грешките што сте ги направиле. Вие им давате предност на работните места што не носат практични придобивки. Големата упорност понекогаш носи низа компликации во деловните контакти. Соочувањето со вистината ќе ви донесе олеснување.

Стрелец
На професионално поле, можно е нешто да ви го попречи текот на финансискиот прилив. Се советува да не расфрлувате со парите. Ќе имате некој проблем за кој ќе ви биде потребна туѓа помош. На емотивно поле, слободните ќе запознаат некоја таинствена личност, оние во врска или брак ги очекува мошне убав период.

Јарец
Се потпирате на интуицијата во текот на носењето на одлуки и соработка со колегите. Одржувате редовна комуникација со поранешниот партнер. Очекувате отворено да ви понуди продолжување на врската, и вие да прифатите. Денеска би можеле да излезете со пријатели и со нивна помош да ги надминете љубовните грижи.

Водолија
Не ви е сосема јасна вашата цел, така што и други ќе ве прашуваат за тоа. Не им забележувајте ако немаат трпение да ве сослушаат. На љубовно поле, сите критики и проблемите што ги имате со другата страна денеска успешно ќе ги решите со спонтан разговор без притисок. Совет: Слушајте ги луѓето во вашата околина.

Риби
Некој ве доведува во заблуда и се обидува да го ограничи вашето деловно влијание. Достоинствено прифатете ја вашата моментална позиција. Во љубовта немојте да барате совршенство, на тој начин не си дозволувате да уживате во убавите мигови со партнерот. Препуштете се на празничната атмосфера, опуштете се.