Овен

Можно е да се карате за финансии со саканиот. Насочете се кон разумни компромиси. На емотивно поле, ќе продолжите да излегувате и да ја развивате својата врска на паметен начин. Некои тукушто ја започнале, па нека одат полека. На професионално поле, можеби ќе имате малку повеќе среќа од другите, бидејќи на работното место сега ви помагаат. Но и тоа ќе помине.

Бик

Некоја стара дискусија со партнерот конечно ќе се реши еднаш засекогаш. Денес може да чувствувате голем притисок. Личностите со кои доаѓате во контакт се мошне напорни и ја црпат вашата енергија. Сепак, ќе се обидувате да издржите. Свесни сте дека можеби во овој период премногу сте љубоморни, но не можете да се воздржите. Совет – одморете се за утре.

Близнаци

Од околината ќе имате сериозна поддршка и денес сте полни со идеи за тоа како да ги организирате вашите идни чекори во кариерата. На професионално поле, напорната работа и трудот кој сте го вложиле во работата, конечно ви се исплати. Пред вас е поволен период. На емотивно поле, саканата личност би требала да менува работи кои ги прави погрешно, затоа што тоа вие нема да го толерирате.

Рак

Ќе имате шанса да донесете некоја сериозна одлука и да имате многу продуктивен ден. Не сте сигурни на кој начин да ги разберете информациите кои доаѓаат до вас. Можни се недоразбирања, но и проблеми со важни документи. Во љубовните односи ќе имате интензивни контакти со саканата личност. На слободните им претстојат нови познанства.

Лав

На емотивно поле, немојте да се споредувате со другите, зашто нема добро да се чувствувате. Бидете мирни и трпеливи и уживајте во она што го имате. На професионално поле, имате одлични идеи како да ја унапредите дејноста во која работите. Ќе размислувате за тоа. Верувајте во подобро утре, сѐ ќе си дојде на свое место.

Девица

Ќе пронајдете смисла на работите. На професионално поле, очекувајте дека ќе добиете понуда за работа. Пред вас е фаза во која ќе може да ја зголемите вашата заработувачка. На емотивно поле, ве очекува флерт со личност која ќе ја запознаете преку пријател или познаник. Најважно е да запомните да живеете во мигот.

Вага

Загрижени сте за некои обврски и мислите дека нема да можете сами да ги завршите. Па не двоумете се да побарате помош од најблиските или од некој од вашите пријатели за да дојдете до крајот. Во текот на денот, може да доживеете краток пад на расположението поради постапка на партнерот. Не газете врз туѓото достоинство за да стигнете на врвот.

Скорпија

На емотивно поле, оние во подолга врска успешно ќе го обноват својот сексуален живот. Доколку  сѐ уште сте сами, претстојниот период ќе донесе нови познанства затоа морате да излезете од вашата конфорт зона. На професионално поле, со која работа и да се занимавате, денеска би можеле да дојдете на идеја како успешно да го споите убавото со корисното.

Стрелец

Правете го она што е најдобро за вас, но секогаш бидете внимателни кон другите. На професионално поле, наклонети сте кон правење грешки на работното поле и не ви е лесно да ги остварите своите цели. На емотивно поле, нагло се менува односот меѓу вас и саканата личност. Пред вас е период во кој ќе имате многу преиспитувања. Внимавајте на здравјето, можни се проблеми со срцето.

Јарец

Можно е да добиете понуда на работното место која делумно ќе ги исполнува вашите критериуми, но нема да ви буди страст. Многу добар период е пред вас. Луѓето ќе бидат подготвени да се сретнат со вас, ќе имате поддршка и голема помош. Време е да ги прашате претпоставените за услуга или да направите сериозен разговор со нив. Ве боли затоа што немате доволно време да посветите на луѓето што ги сакате.

Водолија

На емотивно поле, како што ќе минува денот, ќе имате сѐ поголема потреба да се повлечете од другите и да се затворите во четирите ѕида на домот. На професионално поле, некои ќе посакаат одмор. Можно е да посакаат и да добијат неколку слободни денови. Добронамерен совет – преиспитајте се себеси.

Риби

Не правете компромиси кога се вашите желби во прашање. На професионално поле, иако на повидок е можност за напредок, може да ја пропуштите поради недостаток на самодоверба која ве следи од некоја причина. На емотивно поле, саканата личност ќе ви покаже дека е подготвена да направи сериозен чекор со вас. Зголемен апетит, внимавајте на килограмите.