Овен
Нема да знаете што најдобро да направите, односно како да се поставите. Единствен вистински патоказ е вашето срце. Уште подобро ќе соработувате со колегите. Ќе ви оди од рака секој проект, па дури и оној што сте мислеле дека е тежок. Повеќе дипломатија и толеранција би ви заштедило маки и непотребен напор на работата.
Бик
Слободните имаат големи шанси да запознаат потенцијален партнер во работното опкружување, а ќе имаат помош од членот на семејството за да заживее романтичната приказна. Ако сте во врска треба да се подготвите за соочување со предизвиците и да дозволите односот со партнерот полека да се развива.
Близнаци
Искористете ја способноста за комуникација, можна е одлична деловна шанса. Избрзаните одлуки можат да ви донесат проблеми. Материјалната ситуација е задоволителна. Добро е што тргнавте храбро кон новите предизвици, зашто ако останавте на старите неефикасни, но испробани патеки, ништо немаше да направите.
Рак
Започнува циклус на енергија кој, за некои од вас, може да го сврти животот наопаку. Тешко ја поднесувате незавидната ситуација на работа и поради тоа можете да бидете во неприлика. Потпрете се на мислењето на партнерот и несебичната помош. Емотивно сте во многу успешна врска. Наидувате на поддршка на секое поле.
Лав
Ќе има можност за физички контакт со некој што го сакате, но тоа не значи дека и вие ќе доживеете љубов. Можни се зголемени обеми на работа или мали промени. Во моментот, ништо важно не се случува во оваа сфера. Грижете се како управувате со вашите средства, бидејќи ќе бидете многу импулсивни и лесно ќе трошите пари.
Девица
Во љубовта најдобро е да не размислувате премногу, оставете емоциите да ви го покажат патот. На момент ќе се посомневате дека во односот со саканото лице се вмешала некоја трета личност и тоа ќе ве извади од колосек. Не дозволувајте љубомората да го расипе односот со саканата личност. Почекајте со обвинувањата.
Вага
Недостатокот на решителност ќе ви предизвика несигурност и потреба за заштита и одобрување од другите лица. Ќе мора конечно да научите дека единствено човекот кој умее да ја контролира сопствената судбина и да ги открие приоритетите, може во подолг период да ги почувствува миговите на задоволство и исполнување.
Скорпија
Ќе бидете инспирирани да направите позитивна промена во вашето секојдневие. На работното место ќе ја покажете вашата креативност и вашиот труд нема да остане незабележан. На љубовно поле нештата се одлични. Ако сте сингл, ве очекува интересна средба. Бидете подготвени на соработка, ќе имате убава придобивка.
Стрелец
Постојат можни потези кои радикално ќе го променат вашиот професионален пат. Ако размислувате за готовински заеми, најдобро е да се откажете бидејќи по потпишувањето на договорот, ќе ве пречека непријатна клаузула што не сте ја забележале навреме. Ќе успеете во намерата за воспоставување на целосната трансформација.
Јарец
Ви се препорачува максимално внимание во контактите со лицата во кои немате доволно доверба. Во љубовта не сте многу сигурни дали со сегашниот партнер сакате да останете на долги патеки. Изборете се за сопствените права, покажете ги вистинските вредности и бидете бунтовни, кога околностите на животот ќе го побараат тоа од вас.
Водолија
Желбата за брзо пристигнување на целта ви создава напнатост и променливо расположение. Но, причината за стагнацијата можете да ја побарате и во влијанието на лицата кои ве опкружуваат, бидејќи заради нив не можете да ги реализирате зацртаните идеи. Затоа, конфузноста и расеаноста постојано ве следат.
Риби
Не избрзувајте со спроведувањето на плановите, бидејќи кога предиспозициите за постигнување на успех беа поголеми, вие ја пасивизиравте енергијата и станавте максимално зависни од лицата од околината. Затоа, сега е најдобро трпеливо да итате кон целта и да ги пренасочите силите кон областите што ветуваат позитивни резултати.