Овен
Мирен ден на работното место е токму она што ви треба денеска. Ќе немате нерви за трошење ниту трпение за секојдневните расправии со колегите околу небитни работи. Позитивна енергија е нешто што луѓето од спротивниот пол го сакаат. Бидете опуштени и покажете го вашето вистинско лице. Успехот е загарантиран.
Бик
Барате одговори, но не ги добивате. Барате нови шанси за инвестирање, но ситуацијата е полоша отколку што мислевте. Би било добро да почекате со ризикот. Не ги контролирате вашите емоции онолку колку што би требало, па токму поради тоа веднаш запаѓате во проблеми. Понекогаш навистина мора да ги држете под малку поголема контрола.
Близнаци
Скратени ви се доста информации и токму поради тоа не можете да донесете правилна одлука. Некој бизнис-проект ви е загрозен поради ова. Премногу сте преоптоварени со други проблеми и не можете да се фокусирате на она што ви го зборува саканата личност. Внимавајте.
Рак
Можеби ги немате сите податоци што ви се потребни, но доколку информациите добро ги поврзете, ќе разберете дека имате сè што ви треба за реализација на проектот онака како што сте го замислиле. Саканата личност ви делува отсутно и замислено. Обидете се да дознаете што ја мачи иако, можеби тој проблем не е директно поврзан со вас.
Лав
Ќе морате да се изјасните добро кога станува збор за прифаќањето нови промени на работното место. Имате право на свое мислење и тоа не треба да го криете. Бидете покомуникативни со вашите колеги, резултатите може да ве изненадат. Делувате уморно и исцрпено и вашите пријатели го гледаат тоа. Можеби токму сега е вистинското време за одмор и релаксација.
Девица
Пред да ги запознаете вашите надредени со вашите планови и активности, добро размислете за
последиците. Можеби би било подобро малку да причекате и да го забавите темпото на работа. Дајте си оддишка. Саканата личност е спремна за нова расправија, но вие повеќе немате нерви за тоа.
Вага
Понекогаш не ви успева да ги смирите колегите иако толку многу се трудите и сакате да постигнете баланс. Доаѓате во непријатна ситуација на работното место доколку постојано глумите судија на работното место. Едноставно, немојте да се мешате доколку тоа вас дирекно не ве засега, без разлика колку не ви одговара немирот.
Скорпија
Доколку сакате да ги спроведете вашите одлуки потребно ви е одобрение од претпоставените. Не правете ништо на своја рака, последиците ќе бидат големи. Вам ви е потребна некоја сигурност додека саканата личност цели кон авантура и нестабилност. Во тие работи не се сложувате, иако знаете дека за добра и стабилна заедничка иднина, потребни се и двете работи.
Стрелец
Не откривајте им на колегите она што е потребно за исполнување на работните задачи. И сами знаете дека тоа не е паметна одлука. Доколку продолжете со тоа темпо, ќе си создадете поголеми проблеми што ќе бидат тешки за решавање. Имате проблеми со саканата личност, но малкумина знаат за тоа.
Јарец
Моментално се наоѓате на пола пат. Меѓу своите лични преференции и работните цели кои не се
согласуваат со вашите лични цели. Морате што поскоро да ги доведете во ред доколку ви е во план да продолжите со полна пареа. Немате доволно искуство во комуницирањето и поради тоа не можете многу лесно да запознаете нови личности.
Водолија
Во последен период многу сте напнати и лесни за манипулирање. Немате исти интереси како вашите колеги и поради тоа и не се вклопувате баш најдобро во работното опкружување. Тоа ве приморува да размислувате за смена на кариерата. Во моментов би ви годело да излезете и да се опуштите со вашите најблиски пријатели како би заборавиле на емотивните проблеми кои ве опкружуваат.
Риби
Планетите велат дека овој ден е многу поволен за вас, особено од работен аспект. Силно зграпчете ја секоја шанса што ви се пружа, искористувајте ја секоја можност на максимален начин и така ќе го извлечете максимумот од вас. На љубовен план, за вас се предвидени емотивни промени токму денес, без разлика дали вие сакате да го признаете тоа или не.