Овен

Вие ништо не ѝ оставате на случајноста, а штом не оди онака како сте замислиле, започнувате со силна борба да ги реализирате вашите идеи. Не правете нагли движења. Припадниците на овој знак кои имаат деца можат да очекуваат некакви ситни проблеми во врска со нив. Убавите партнерски односи ве исполнуваат со топлина.

Бик

Тишината на работното место најчесто значи дека нешто се подготвува зад вашиот грб, а тоа никакo нема да заврши добро за вас. Жал ви е што сте се увериле дека онаа изрека „далеку од очи, далеку од срце“ е точна. Кога не ја гледате личноста за која сте заинтересирани, како да исчезнуваат вашите емоции.

Близнаци

Ви се враќа материјалната сила и покажувате склоност кон наметнување на своите идеи. Само ако се контролирате, ќе бидете поштедени од етикетите за арогантно лице. Амбициозни сте и полни со ентузијазам. Друштвено сте многу активни. Шармирате со начинот на кој комуницирате и со леснотијата на изразување.

Рак

Не можете да се надевате на нешто добро, доколку не се согласувате со никого на работа. Веќе имате проблеми што е тешко да се решат без мешање на претпоставените. Љубовните прашања се тука, но немате одговор на нив. Поради тоа се чувствувате немоќно и малку неволно. Ќе се решите на чекор невообичаен за вас.

Лав

Одамна не верувате во тоа дека ќе ви биде многу подобро на работа, но сметате дека сепак подобро поминавте од некои ваши колеги што работат подолго од вас, а заработуваат помалку. Одлучувате да направите нешто квалитетно и корисно во исто време, но не наидувате на одобрување од пријателите и од семејството.

Девица

Одите од крајност во крајност што и да започнете. Тоа нема да излезе на добро, колку и вие да го посакувате. Не се чувствувате баш најдобро, но утеха ви е тоа што знаете дека ќе помине и овој ден и утре ќе имате можност да ја поправите ситуацијата. Ваша добра карактеристика е што на нештата гледате позитивно и оптимистички.

Вага

Не се согласувате најдобро со колегите денес, но тоа кај вас е веќе секојдневие. Одите сами против сите, иако знаете дека тоа не е најдобро решение. Од емотивната страна сте исполнети, но сепак, ви недостига некоја авантура и страст во животот кои порано сте ги имале, но како повеќе да немате храброст за тоа како некогаш.

Скорпија

Никој не може да ви гарантира дека ќе напредувате, дури и кога ќе дадете сè од себе и ќе се трудите од петни жили да успеете. Имате чувство како да не сте доволно атрактивни за спротивниот пол и како да не можете да направите ништо. Некои луѓе едноставно го немаат она што би било потребно да бидат популарни кај повеќето.

Стрелец

Доколку немате заеднички цели со некои колеги, тоа значи дека не треба ниту да се здружувате околу исти проекти, туку секој да ги работи своите работни задачи. Кога ќе се случи да сте интелектуално посилни од саканата личност, таа како да ја губи волјата да поминува време со вас и тоа би можело да биде непријатно за двајцата.

Јарец

Издржете уште неколку денови, па ќе ви се пружи можност да земете одмор, тогаш ќе можете да ги наполните батериите и да заборавите на своите обврски. Ја идеализирате саканата личност иако знаете дека секој од нас има мани. Согледајте ги работите од вистински агол и постапете како зрела и одговорна личност.

Водолија

Потребно е да бидете доволно отворени и на своите колеги да им објасните некои работи. Не ви се препорачува денес да бирате нови соработници бидејќи можно е да направите погрешна процена. Потрудете се да избегнете недоразбирања и кавги. Во љубовта денот е неповолен, бидете смирени. Некој од вас двајца ќе биде налутен.

Риби

Можно е да успеете да излезете на крај со некои помали проблеми кои неочекувано се појавиле. Во љубовта не ви е лесно да пронајдете партнер кој сосема ќе ви верува. Можно е да имате страв од врзување. Можни се компликации, па поведете сметка вие сами дополнително да не отежнувате некои работи.