Овен
Ќе имате потреба да заминете што подалеку од дома. Ако живеете со партнер, ќе треба тоа да го објасните: Ако не, ќе имате големи проблеми. Вашите замисли убаво напредуваат, а вие сте задоволни од резултатот. Денеска работете на детали. Поврзете се со луѓе од други градови.

Бик
Ќе имате вистински баланс за уживање и љубов, а осoбeно во конкретни ситуации. Оние што се во врска ќе бидат многу задоволни. Денес исправно ќе се поставите, зашто ќе знаете да ги испочитувате не само строгите правила, туку и човечките потреби. Со тоа сознание полесно ќе работите и ќе дејствувате на секое поле.

Близнаци
Не сте подготвени за промени во деловното поле. Можно е да одбиете некоја понуда но во моментов ви е најважно да ја задржите работата што ја имате. Склони сте на депресија, тешки емоции, денес едноставно не е вашиот ден. Интуицијата никогаш не ве напушта. Нервите ви се малку напнати, опуштете се.

Рак
Потребни ви се мир и тишина и време да се фокусирате само на себе. На работното место знаете што треба да направите ако сакате да се придвижите напред. Треба да делувате уште денес. Ако сте во врска, ќе немате многу време за партнерот. Обидете се барем вечерта да ја поминете заедно. Имате многу за раскажување.

Лав
Може да очекувате поволен период во кој ќе можете да ги решите деловните проблеми што ве оптоварија. Вие сте искрени со личноста што ви се допаѓа и се надевате дека ќе возврати. Може да очекувате период во кој ќе посакате поголеми промени и важни одлуки со саканата личност. Ќе блескате од среќа за секое постигнување.

Девица
Некоја влијателна личност го има насочено погледот кон вас, импресионирајте ја. Покажете ги вашите таленти, со жар во очите зборувајте за вашите амбиции и за проектите кои сакате да ги реализирате. Ќе ве изненади понуда како од соништата. Работата во претстојниот период нема да ви носи само финансиски награди, туку и емоционални.

Вага
Вашата финансиска состојба треба да се подобри. Судбината сега е во ваша полза во ова поле. За вас не е лесно отворено да ги покажете своите чувства затоа што на некој начин сѐ уште се плашите од одбивање. На љубовно поле ситуацијата не е мирна. И вие и партнерот не сте задоволни од вашата врска.

Скорпија
Може да очекувате да бидете задоволни од состојбата на работа. Вие не планирате промени. Малку сте инертни, без амбиции. Саканата личност ви покажува колку ѝ значите. Ако сте сингл, надевајте се на сериозна врска во следниот период. Личноста која ве интересира ќе покаже дека сака иднина со вас.

Стрелец
Денес малку ќе ве измачуваат стари мечти и неисполнети надежи, па затоа најдобро е да се повлечете и смирите. Не инсистирајте на ништо. Иако ќе работите посветено и без застој, денес ќе ви изгледа како да работите недоволно. Конечно ќе ви стане јасно дека она што го работите вреди повеќе отколку што мислевте.

Јарец
Потребна ви е пауза од сè што се случува околу вас, па ако сте во можност, поминете го денот во природа. На работното место ќе решите сериозен проблем, но само ако работите сами. На емотивно поле ќе бидете во искушение да споделите тајна со партнерот, но добро размислете дали тоа е вистинскиот чекор.

Водолија
Работите околу вас брзо ќе се менуваат и ќе бидете „бомбардирани“ со огромен број барања од другите. Не можете да направите секому услуга. На љубовно поле оставате впечаток како да губите интерес, внимавајте да не направите недоразбирање. На работното место ќе покажете зголемена концентрација, што ќе ви помогне да избегнете грешка.

Риби
Ве следи среќа на сите полиња и задоволни сте. Професионалната страна ви е одлично прикажана во текот на овој ден. Пред вас е можност да ја освоите личноста која ви значи. Доколку се занимавате со приватна работа, надевајте се на мало подобрување во следниот период. Ве очекува поволен емотивен период.