Овен
Ќе делува како да сте многу позрели од своите шефови. Ако треба, тактично посоветувајте ги како понатаму. Најдобро ќе се чувствувате ако не прифаќате ниту пак барате некаква обврска во личните односи. Ќе ви опадне концентрацијата за посериозни задачи. Оние што имаат поопуштена работа, ќе поминат добро. Другите нека внимаваат.

Бик
Некои би можеле да се вљубат и навистина да уживаат во денешниот ден. Оние кои се во врска, ќе бидат многу среќни. На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично и разгледувајте ги полека. Уште очекувате да добиете еден одговор, што може да ви ја отвори вратата за соработка со странство.

Близнаци
Оние што работат, ќе сакаат да дадат отказ што е можно побрзо. Надредените и нивната контрола и притисок ќе бидат тешки за нив, но тие ќе издржат со нивната необична смисла за хумор. На емотивно поле, оние сè уште се сами ќе имаат многу додворувачи. Тие ќе можат да изберат. Нека не ги спуштаат критериумите при изборот.

Рак
Кога се среќавате со партнерот, не сакате да ги менувате вашите критериуми, но ново убедување ве доведува на граница на трпеливост. Имате добри идеи, но некој го ограничува вашето деловно влијание. Вие сте во благодарна позиција да молчите за тоа што мислите. Се чувствувате живо, подготвени сте за секој вид акција.

Лав
Не сте доволно упорни, премногу брзо се откажувате. Имате чувство дека никој не ве разбира и не ја забележува вашата жртва, за која верувате дека е преголема. Лошото чувство е моментално расположение, затоа не правете потези за кои подоцна ќе зажалите. Пропустите може да ви го комплицираат денот. Сè на сè, неповолен ден.

Девица
Може да остварите некои контакти што ќе ви бидат од голема вредност во иднина. Не се затворајте во комфор зона и оставете ја срамежливоста дома. На љубовно поле откријте ги чувствата, доволно бевте резервирате. Довербата може да „помести планини“, препуштете се. Ќе ја покажете театралната страна, која ќе ви биде од корист.

Вага
Поголем дел од времето ќе успеете да ги држите емоциите под контрола и на тој начин да ги зајакнете своите односи. Во некои моменти ќе се чувствувате како да сте на тобоган, не секогаш смирени за да можете да управувате со околностите, а ќе се случат и одложувања, како и пречки. Стресот би можел да се одрази на вашето здравје.

Скорпија
Може да бидете изнервирани од инаку драги луѓе како пријатели или семејство. Вие сте исто така под стрес, па затоа би можеле да бидете на работ со вашите нерви и да пукнете за ситници. Во такви ситуации, најдобро е да се обидете да го контролирате однесувањето колку што можете и да се насмеете најмногу што можете.

Стрелец
Денес ќе бидете фокусирани кон личните проблеми. Вашите навики – штетни или не – ќе одиграат голема улога при донесувањето на одлуките. На повидок нема расипување на врските, затоа не грижете се премногу, обидете се да се опуштите и да се одморите. Но, обидете се да не правите драма во друштво на партнерот.

Јарец
Како што ќе минува денот, вие сè повеќе ќе размислувате за себе и вашиот партнер, како и за тоа каква ви е врската. Денес би можел да ви се најде при рака еден пријател, кој добро ве познава. Подгответе се да ја освоите поддршката од него, бидејќи очекувате да ви помогне во работа што може да ви донесе голема популарност.

Водолија
Недостигот на интерес за љубов е резултат на премногу забава со пријателите. Оние кои се во подолги врски ќе забележат дека се дистанцираат од саканите поради пријателите. Ништо не ве попречува за сето тоа да го поврзете и споите. Ќе биде забавно во секој случај. Нема да бидете задоволни од приходите, зашто мислите дека можете повеќе.

Риби
Безгрижни сте и не ве очекуваат поголеми проблеми на ова поле. Состојбата е генерално добра и стабилна. Ви се допаѓа некоја личност која делува срамежливо и повлечено. Ќе ви биде потребно доста време да остварите подобар однос со неа. Често ја сретнувате во вашата средина, но сè уште немате воспоставено комуникација.