Овен
Ако сте сингл, задоволни сте од својот сегашен однос со личноста која ви се допаѓа. Наоѓате заеднички интереси. Малку работи сега може да ве запрат. Ги совладавте сите лекции и можете истите да им ги држите на другите. Мали нестабилности во односите со саканата личност ќе бидат поврзани со доминацијата. Ќе се договорите.

Бик
Во љубовните работи ќе бидете нереални. Ќе гледате нешто што во реалноста не постои. Затоа држете се до реалноста. Ќе ви се чини како обрачот околу вас да се стега и притисоците ќе ги забележувате. Ќе избегате во својот свет на соништата. Фантазијата ќе ве води низ областа на срцето па нема да бидете целосно реални. Ќе се отуѓувате од партнерот.

Близнаци
Денешниот ден е совршен за промени во животниот стил, бидејќи лесно ќе се адаптирате на нив. Направете план и следете го. Можеби ќе ви биде тешко да им објасните на луѓето околу вас одредени ваши постапки, но вистината е дека не мора ништо да објаснувате. Поради настаните на работното место, малку го занемарувате партнерот.

Рак
На љубовно поле, сакате да направите големи промени. Како нешто да ве гуши, да ве кочи. Разговарајте со партнерот за ова. На деловно поле, конечно ќе дојде до договор и решение за работа која веќе подолго време стои во место. Психофизичка форма: полни сте со енергија, но нарушениот животен стил би можел да влијае врз здравјето воопшто.

Лав
Во средбата со саканата личност, треба да покажете истенчен слух и „широки видици“ за заедничките планови. Не решавајте туѓи грижи, насочете го своето внимание и креативната енергија кон постигнување корисни цели. Соочете се со светот на реалноста, тоа е здраво. Ќе уживате во неколку часови здрав сон, опуштете се.

Девица
Денот е одличен за средби со пријателите. По смеењето на вашите заеднички шеги, ќе се чувствувате многу подобро. Многу позитивни вести на деловно поле, парите нема да бидат проблем, а тоа ќе ви овозможи да го подобрите вашиот животен стил. Се усогласувате со себе и сè ви оди подобро – следете ја вашата интуиција.

Вага
Незавршени работи од минатото се на дневен ред. Некои од нив ќе предизвикаат емоции кај вас, па затоа ќе ги правите со носталгија или гнев. Затоа, некои претпочитаат да живеат во имагинација фантазирајќи. Ќе има и такви кои ќе ги почувствуваат сите привлечности на платонска љубовна врска. Уживајте во моментот и не дебатирајте.

Скорпија
Ќе се разбудите чувствувајќи се чудно, и нема да можете да сфатите зошто е тоа така. Станува збор за малку емотивна нестабилност или погрешен начин на гледање на некои ситуации во кои се проценувате. Ова може да ве натера да се оддалечите од другите и да им се посветите на своите мисли, особено ако сте под деловен стрес.

Стрелец
Денес, вашето расположение нема да биде добро, и можеби нема да можете да го поднесувате вашиот партнер или кој било друг близок. Ова ќе предизвика огромен скандал, но нема да можете да ги замаглувате ефектите од вашата првична реакција. Само обидете се да ги ублажите вашите емоции и да поминете нормален ден.

Јарец
Ништо нема да ви го наруши доброто расположение. Ѕвездите ќе ви се насмевнат и ќе ве следи среќа на секој чекор. Околностите може да бидат идеални за да пресудите што е најпаметно за ситуацијата во која се наоѓате. На љубовно поле компромисот ќе ве спаси од непотребни нервози. Внимавајте да не донесете одлуки за кои ќе се каете.

Водолија
Не правете непријатели меѓу луѓето од кои зависите. Напнатоста станува посложена, влегувате во конфликти со соработниците. Вашата кариера може да оди надолу, ако не се обидете и дополнително работите да ја смирите напнатоста што завладеа. Прераспределете ги вашите капацитети и одложете сè што може да почека за подобар момент.

Риби
Ако е можно, избегнувајте работа на компјутер и одете брзо да издишете… Средбата со саканата личност ќе стави крај на осаменоста. На работа, пореалниот пристап ќе ви овозможи да направите позитивна трансформација. Денес не донесувајте конечни одлуки и не вртете грб на никого пред да се обидете со добро.