Овен

Ако сте родител на тинејџер, мака ќе мачите со тоа како да го дисциплинирате. Одземањето на мобилниот телефон или џепарлакот нема да се покаже делотворно како што сте мислеле, па ќе мора да бидете поитри. Би можеле да влезете во сериозна расправија со член на поширокото семејство околу наследството.

Бик

Ако ви затреба помош на работа, ќе имате на кого да се потпрете. Колегите ќе ве поддржат и ќе ви го чуваат грбот, што наголемо ќе ви го олесни работењето. Би можеле да се зачлените во некое здружение или клуб кој промовира живеење без стрес, ја слави вкусната храна или квалитетното вино. Ширете позитивна енергија.

Близнаци

Во претстојниот период, немојте да претерувате со алкохолот. Доколку пиете умерено, ве очекува одлична забава збогатена со некое ново познанство. Професионалните задачи поврзани со некои трансакции или проекти ќе доживеат процветување и ќе ви донесат солидна заработувачка. Ќе си дозволите и повеќе трошење.

Рак

Ќе запознаете некој кој многу ќе ви се допадне. Ќе имате многу заеднички интереси па ќе ги размените телефонските броеви и ќе закажете повторна средба. Љубопитноста ќе ве поттикне на посетувате предавања или работилници на кои ќе стекнете нови знаења или вештини.

Лав

Ќе ве вознемири конфликт со постар член на семејството, но внимавајте при налет на лутина да не изречете работи кои не можат да се повлечат. Кога ќе забележите дека сте лути, повлечете се извесно време во самотија. Ќе ве опушти разговор со близок пријател, кој почнува да покажува знаци на емотивен интерес кон вас.

Девица

Денес нема да бидете особено продуктивни. Ќе се чувствувате изморено и сонливо, а многумина ќе ги мачи главоболка. На работа ќе давате минимум и одвај ќе го чекате завршувањето на работното време. Ако фантазирате за смирување со поранешниот партнер, денес ќе сфатите дека тоа можеби и не е најдобра идеја.

Вага

Немојте толку да се осврнувате на туѓите негативни коментари. Некој ќе сака намерно да ве повреди или омаловажи па не му придавајте на важност, колку и тоа да ви било тешко. Не ставајте си сѐ при срце. Знаете дека постојат секакви луѓе. Болките во грлото или кашлица ќе ве наведат да побарате лекарски совет.

Скорпија

Би можеле да развиете симпатии кон некој со кого соработувате. Ќе поминувате многу време заедно во канцеларија и гласно ќе се смеете на неговите шеги па на сите ќе им биде очигледно колку сте загреани. Денес е поволен да започнете диета или да престанете да пушите. Крајно време е да посветите повеќе внимание на здравјето.

Стрелец

Вашиот оптимизам и доброто расположение ќе бидат заразни па сите во вашето опкружување ќе сакаат со вас да се дружат. На работа зголемената популарност наголемо ќе ви го олесни работењето, додека во приватниот живот ќе ви донесе нова можност за флерт. Зголемената телесна активност ќе ви претставува уживање.

Јарец

Денес во вашиот дом ќе владее напната ситуација. Иако вие нема да бидете иницијатор ниту учесник во кавгата, од вас ќе се бара да одберете страна, но обидете се да останете неутрални. Седечкиот начин на живот ќе ви го загрози здравјето па се советува малку да се активирате и да почнете да се занимавате со спорт.

Водолија

Пред вас е интересен и динамичен ден во кој ќе остварите многубројни контакти со околината. Некое професионално познанство би можело да прерасне во вистинско пријателство, на што ќе кумува зачестеното дружење и по работното време. Самците ќе ги импресионира некој кој ужива углед во друштвото, но и на професионално поле.

Риби

Растењето на животните трошоци ќе ве наведе да се обидете да пронајдете дополнителен извор на заработувачка. Размислете за некоја профитабилна хонорарна работа, на пример, доколку сте креативни, обидете се да заработите од вашето хоби. На партнерот ќе му треба вашата поддршка па бидете му на располагање.