Овен

Ќе дојде до мало подобрување на вашите емотивни односи со партнерот, но и понатаму тешко ќе ви оди комуникацијата и меѓусебното разбирање. Што се однесува до финансискиот сегмент, кога ќе ги сведете сите сметки, ќе видите дека има нови трошоци, но и нови добивки. Повторно сте на истото, но не се нервирајте.

Бик

Избегнувајте емотивни провокации што можат да ве доведат до лошо однесување. Не дозволувајте сомнежот или незадоволството да преовладува во вас. Потребна ви е позитивна ориентација. Се наоѓате во невообичаена деловна ситуација. Многу од прашањата што ги имате засега остануваат незадоволителни.

Близнаци

Ви претстои фаза во која ќе имате доста отворени конфликти на работното место. Кога станува збор за љубовта, имате впечаток дека некој близок принудува некои работи. Периодот е поволен за вашето поле на работа, па сега нема да бидете особено оптоварени. Кога станува збор за љубовта, можни се интересни нови бурни настани.

Рак

Остроумни сте и способни да помогнете секогаш и секому. Не се двоумете да го дадете вашето мислење. Реално гледате на работите и тоа има огромна вредност. На работа нема да бидете сериозни и единствена желба ќе ви биде само да побегнете оттаму. Барањата од партнерот ви се сосема на место.

Лав

Љубовта ќе цвета за вас, но угодете си малку и себеси. Денес не е задолжително да покажете иницијатива, ако не се чувствувате во кондиција. Многу поважно за вас ќе биде да имате некој на ваша страна, некој кој може да ви биде потпора. Вам ќе ви изгледа како сите да се гордеат со вас, освен најблиските, а тоа ќе ве растажи.

Девица

Во добро расположение сте и од вашиот оптимизам ќе произлезат многу добри работи. Некој со советите ќе влијае на одличен начин врз вашиот пристап во љубовта, односно ќе ве разбуди од сонот и ќе ве натера да мрднете и сами да побарате љубов. На работа и понатаму сте главна ѕвезда.

Вага

Со својата харизма насекаде ќе плените и нема да можете да кренете глава од понуди од спротивниот пол. На работа ќе добиете понуда за некој проект, но пред да ја прифатите понудата размислете прво како би постапиле и дали тоа е вистински проект за вас.

Скорпија

Бидејќи се наближува летото, можеби е вистинско време да почнете да внимавате на вашата фигура, односно на исхраната. Партнерот посебно ќе биде изненаден од вашата досетливост во спалната соба. Разработувате тајни планови со странците. Планирате се да обелодените кога ќе постигнете конкретна соработка со нив.

Стрелец

Од рано наутро, некој ќе влијае на вашето расположение. Не можете да разберете како луѓето можат толку лесно да се однесуваат кон она што им е обврска и должност. Односот со колегите е напнат. Не гледајте ги другите, посветете си се себеси. Нема причина да стравувате дали саканата личност е во добро расположение кон вас.

Јарец

Не сте задоволни од врската и сметате дека е време да се прекине. Вие навистина правите големи напори за да остварите комуникација со саканата личност, но безуспешно. Трудот кој ќе го вложите нема да биде залуден. Побарајте поддршка помеѓу најблиските. Делегирајте ги помалите обврски на оние под вас.

Водолија

Ќе ви биде тешко да го сочувате својот мир и рамнотежата денес, бидејќи ви пречи однесувањето на другите, но и нивните постојани забелешки и поплаки. Обидете се да се фокусирате повеќе на она што ви е приоритет. Чувствувате недоверба кон саканата личност заради некои нејзини изјави. Не иницирајте дискусии, расправии, тешки зборови и атмосфера

Риби

На љубовно поле ќе се навратите на минатото. Извлечете ги поуките наместо да се задржувате таму. Ќе ги покажете и најскриените чувства. На професионално поле следете ја логиката, не потпаѓајте под влијание.  Заинтересирани сте за флерт и слатки игри.