Овен

Имате претчувство дека претпоставениот работи против вас и намерно ви наметнува нешто што е спротивно на вашите работни задачи. За вас е најдобро да се воздржите од секакви објаснувања и убедувања, затоа што тоа не води никаде. Потрудете се да не ги оптоварувате најблиските со проблеми што ги имате на работа.

Бик

Подобрување на финансиската ситуација. Пред вас е можност да дојдете до значајни поместувања на работа. Ви се допаѓа вашата слобода и не сте подготвени за некое ново емотивно врзување. Задржете што е можно повеќе за себе, бидејќи нема ништо повеќе да добиете поради тоа што сте премногу отворени за другите.

Близнаци

Бидете отворени, но не и за деталите што може да станат материјал за озборување. Имате лоша процена и очекувате расплет на случувањата од љубовниот живот. Советите што ви се даваат со добра намера постојано ги сфаќате како лична критика и сметате дека некој се труди да ја покаже вашата слаба страна.

Рак

Ќе се разочарате од колегите со кои имавте најблизок контакт и максимална доверба. Трпите постојано неразбирање од страна на колегите. Извесно е дека ќе мора да се борите за вашата работа и вашето место. Истовремено, задоволни сте со себе. Во ова време од годината вие секогаш се чувствувате силни и имате потреба да се покажете.

Лав

Самодовербата расте, а ова ќе ви помогне да донесете многу важна одлука. На работното место повеќе се фокусирате на квалитетот и надредените дефинитивно го забележуваат тоа. Ако сте во врска, денес ќе имате можност да им ставите крај на недоразбирањата од минатата недела. Истовремено, послушајте ги советите на пријателите.

Девица

Ден на љубов. Кој нема љубов, може да создаде вистински услови за да ја пронајде, а оние што веќе ја имаат ќе живеат повторно моменти на страст. Бидете внимателни при изборот на дополнителните работни активности да не станете жртви на стресот, трчајќи по пари. Внимавајте колку откривате пред другите за вас.

Вага

Избрзувате со одлуките. Контролата над себе и случувањата се намалени, бидејќи многу нешта се одвиваат спротивно на она што сте го очекувале. Некоја мала работа го израдувала вашето срце, па вие конечно сте сфатиле дека среќата е во малите нешта. Не ги исполнувате критериумите за промена на работното место.

Скорпија

Се наоѓате на почетокот на важен период. Ќе бидете многу задоволни ако зграпчите некоја добра можност и ако најдете заеднички јазик со некој. На невообичаен начин ќе успеете да решите некои проблеми. Подготвени сте да влезете во нови предизвици. Понудата за хонорарна работа ќе ја поправи материјалната состојба.

Стрелец

Снаодливи сте, а тоа ви носи одлични резултати. Решивте да направите детален план за своите идни активности и максимално да ѝ се посветите на работата. Сѐ уште немате храброст да преземете некои конкретни чекори кои се однесуваат на финансиската ситуација. Надевајте се на важни решенија кога станува збор за недвижности.

Јарец

Финансиската ситуација ви е добра и денес можете да очекувате помал финансиски прилив. Склони сте на донесување на нагли одлуки, поведете сметка тоа да не ви се одбие од глава. Денес нема целосно да ѝ се посветите на работата. И покрај тоа, плановите на деловното поле полека, но сигурно ви се исполнуваат.

Водолија

Во работата не го гледате само вашиот интерес и поради тоа сте многу почитувани. Ќе бидете чуствителни на болести или неповолни настани. Многу сте интуитивни па тоа ќе се одрази на сѐ што ќе правите. Ќе имате прилика малку да одморите. Ако имате планирано нов проект, ќе добиете некој глас во врска со неговата реализација.

Риби

Доколку сте осамени, вашата заинтересираност за една личност од деловниот свет е забележлива и веќе не можете да ја скриете љубовта што ја чувствувате. Бидете внимателни и не дозволувајте никој да си поигрува со вас. Таа личност ве држи во резерва за секој случај, и тоа само доколку не ѝ се остварат плановите што ги има.