Овен

Денес ќе бидете во состојба да се адаптирате на секоја ситуација. Во една минута ќе бидете полни со енергија и подготвени за лидерство, додека веќе во другата ќе бидете стабилни и приземјени. Мошне малку ќе биде она помеѓу. Клучна работа за вас денес е да бидете во друштво на што повеќе позитивни луѓе.

Бик

Тешко ви е да се усогласите со луѓето со кои денес професионално ќе соработувате. Никој од вас ќе нема разбирање за пропустите на другата страна (а ќе ги има), и овој ден дефинитивно ќе биде напорен за вас. Лошо сте расположени, бидејќи во моментот не гледате перспектива во односот во којшто се наоѓате.

Близнаци

Потребен ви е баланс помеѓу менталното и физичкото, активноста и одморот. Не се двоумете и ставете ги идеите во ред, па реализирајте ги според приоритетноста. Очекувајте нови можности на професионално поле, но дајте си време да размислите пред да одлучите. Најдете нов начин како да ги искажете мислите и да изјавите љубов.

Рак

Внимателно избирајте ги вашите соговорници и бидете претпазливи со луѓето. Не е пожелно да споделувате ваши лични работи но и да дискутирате за перспективните идеи кои ги имате. Немојте да го криете вашето мислење, но немојте ниту да парадирате со него.

Лав

Семејните проблеми, нарушените односи со роднина или промените во домот ќе имаат централно место за вас во претстојниот месец. Доколку во изминатиот период пропуштивте значајни фамилијарни средби, сега ќе дадете сè од себе за да им надоместите на блиските. Ќе зближувате и ќе ширите радост околу себе.

Девица

Денес е можно да се чувствувате многу истоштено. За среќа ќе ве израдуваат со добри вести, кои ќе делуваат стимулативно и освежувачки. Колку побрзо ја завршите старата задача толку побрзо ќе почне да се подобрува вашата финансиска состојба.

Вага

Директниот пристап е најдобар начин да се справите со луѓето кои се љубоморни и покажете заби, но со насмевка. Откажете се од идејата да им се спротивставувате на правилата и фокусирајте се на надградување на знаењето. Во љубовта ве очекува пријатна атмосфера и препуштете се на спонтаните моменти.

Скорпија

Сонцето ќе влезе во вашиот знак и ќе го означи почетокот на највозбудливиот месец од годината за вас. Замислете си желба и гледајте како ви се остварува кога најмалку очекувате. Имате зелено светло да ги ставите вашите желби на преден план. Среќата е избор што вие со задоволство ќе го правите во претстојниот период.

Стрелец

• Онака како што вие не сакате некој друг да ви соли памет, така ниту вие немојте да се поставите кон луѓето со кои доаѓате во контакт. Точно е дека сте паметни, но не сте ја собрале цела памет на овој свет. Се дистанцирате од една личност, но таа никако не го сфаќа тоа.

Јарец

Денес Сонцето ќе започне патување во вашата 11-та куќа на друштвените активности и ќе донесе блискост во врските што најмногу ви значат. Не се изненадувајте ако вашиот најдобар другар ви каже „те сакам“ или ако партнерот одеднаш ви довери долго чувана тајна.

Водолија

Не е исклучена можноста некој од вашите најблиски да ве разочара со своето однесување. Бидете објективни. Размислете дали човекот постапил толку лошо или едноставно вие сте очекувале нешто друго од него. Не лутете се беспотребно.

Риби

Ќе бидете премногу збунети и тоа ќе ве забави, па ќе ви биде потребна мирна атмосфера повеќе од кога било. Не ги форсирајте работите и одморете од секојдневната рутина. Толеранцијата ќе има позитивен ефект врз љубовниот живот, а ве очекува голема одлука, па добро анализирајте ги вредностите.