Овен

Ќе бидете пријатни и отворени кон луѓето од околината. Имате добри намери и тоа ќе биде препознаено. Нешто ново тлее во воздухот. Новите начини на гледање на животот ќе ве направи ѕвезда на работа. Љубовните емоции ви се подлабоки од кога било. Секогаш сакате да се чувствувате пожелно од спротивниот пол.

Бик

Важно е да ја сочувате емотивната блискост со една драга личност која ви е при срце. Заштитете ги оние што ги сакате од непотребни вознемирувања. На професионално поле, големите амбиции не треба да ве наведат на лошо однесување. Повнимателно анализирајте ги вашите соработници и пораките што ги добивате.

Близнаци

Доколку сте во врска, ќе почувствувате силна искра помеѓу вас и саканиот, а доколку сте сами, можно е на повидок личност која се вклопува во вашите стандарди за идеален љубовен партнер. Исто така, креативноста се буди во вас, па ќе бидете инспирирани да го разубавувате вашето опкружување преку интересни проекти.

Рак

Вие сакате повеќе работи истовремено, па затоа едноставно не знаете како да го изведете тоа. Опуштете се. Ќе ја постигнете целта побрзо и поуспешно ако решавате едно по едно прашање. На емотивно поле, во попладневните часови, не правете ништо сериозно, опуштете се и уживајте. Вечерта е создадена за љубов.

Лав

Можно е да влезете во конфликти со околината. Ќе мора повеќе да се служите со зборови. Некои од вас ќе бараат дополнителни објаснувања. Се препорачува тимска работа. Бидете малку пореални. Од долгите врски ќе се појави потреба за искрен разговор на чуствителни теми во кои потешко остварувате компромиси.

Девица

Неповолен ден за решавање на правни прашања. Во случај на одење на сослушување, вашата ригидност и немир оставаат негативен впечаток. Ве чека нов познаник, но на далечина. Комуницирањето со сочувство ви значи многу иако е на далечина. Колегите наоѓаат милион недостатоци што не ги очекувавте, бидете претпазливи.

Вага

Многу сте симпатични, но и наивни, но вашиот брз ум никогаш не пропушта ниту еден детаљ. Обожавате да анализирате сè!  Обидете се да бидете малку поотворени кон луѓето околу вас. Не мора да бидете совршени за другите да ве сакаат. Бидете она што сте. Со партнерот очекувајте романтичен завршеток на денот.

Скорпија

Денес ќе уживате да работите во тишина. Ова е совршен ден за задачи поврзани со пресметки, анализи, документација и организација. Ќе имате остар ум, па ништо нема да може да ви се протне низ прсти. Сѐ ќе држите под контрола. Не заборавајте да си обезбедите време за организирање на просторот во вашиот дом.

Стрелец

Немојте да се грижите за нештата кои се надвор од ваша контрола и фокусирајте се само на она што зависи од вас. На работното место ќе бидете многу ефикасни, а најверојатно ќе започнете и со некој нов проект. Во љубовта подобро ги разбирате желбите и потребите на партнерот, а ова ќе ви помогне да ја зајакнете врската.

Јарец

Понекогаш треба да се употребат различни мерки на претпазливост. Вие сте доволно разумни за да ги заштитите вашите деловни интереси во критичните ситуации. На емотивно поле, ви недостасува емоционална поддршка, но не сакате гласно да побарате нечие внимание. Прикривањето на „слабоста“ е погрешна одлука.

Водолија

Ова е исклучително поволен ден за вас. Во вас ќе се активира вулкан со позитивна енергија и одлични идеи. Напишете сè што ќе ви падне на ум на хартија, бидејќи од голема возбуда ќе заборавите на половина од тоа, а тоа може да ви користи во иднина. Искрените емоции секогаш делуваат лековито, а за тоа е тука партнерот.

Риби

Денес едноставно ќе копнеете да бидете опкружени со нови и интересни личности, па ќе се насочите кон активности кои ќе ви донесат нови познанства. Со вашите мудри и ласкави зборови ќе привлекувате внимание каде и да се појавите. Нема да можете да ја поднесете осаменоста и ќе испланирате повеќе средби со пријатели.