Овен
Многумина денеска ќе сонуваат за идеална љубов и така самите ќе даваат утеха поради она што им се случува во реалноста . Методот не е лош. Работата ќе ја одработите толку површно, поради што одвај ќе дочекате да си одите. Можни се тешкотии, но избегнувајте бурни дискусии. Останете смирени, без негативни реакции.
Бик
Се однесувате ладно кон саканата личност. Време е да научите да преминете преку гордоста. На деловен план, не носете заклучок без да ги добиете сите информации. Сакате да започнете промени на работно поле, но потребна ви е поддршка од една важна личност. Викендот е добар за размислување во самотија.
Близнаци
Барате начин како да започнете да комуницирате со личноста што ви се допаѓа? Направете го тоа директно, па дури и да ги издадете вашите чувства. Понекогаш во животот вреди да се ризикува и да се следи прво срцето, а потоа разумот. Веќе сте ја пронашле вашата „половина“, па не земајте врската здраво за готово. Надградувајте ја.
Рак
Ќе имате јасно дефинирани идеи и ќе мора да работите на нивна реализација за да не стоите во место. Неквалитетниот сон може да ви создаде проблеми, направете промени. Ако работите, време е да направите анализа на вашиот труд во изминатиов период. На љубовно поле минувате низ фаза на промени, но не се плашете.
Лав
Денес може да добиете многу поучни совети ако се обратите кај вистинските луѓе. Избегнувајте ги оние кои ве полнат со негативност и не се радуваат на вашите успеси. Прифатете помош во работата, ќе ви биде потребна. Можно е унапредување. На љубовно поле ви е потребно бегство. Не ја игнорирајте потребата, само најдете го најдоброто решение.
Девица
Ова не е многу поволен ден на работно поле за вас. На љубовно поле вложете се максимално, минувате низ значајна фаза. Водите сметка околу најситните работни детали. Ништо не препуштате на случајот. Задоволни сте што нема изненадувања и тешкотии. Пробувате да ја освоите личноста што одамна ви се допаѓа.
Вага
Многу сте издржливи и упорни. Можете да очекувате поволен исход на некоја ситуација од која на некој начин зависите. Го привлекувате вниманието на лицето кое ви се допаѓа, особено ако станува збор за огнен знак. Нема потреба да бегате од вистината или да ги потиснувате своите емотивни желби.
Скорпија
Изненадете ја саканата личност на невообичаен начин, ако имате доволно имагинација, сè може да се смени во позитивна насока. Некој ги предизвикува вашите идеи или влијанието што го имате во деловните кругови. Со неколку добри потези, можете да ги решите вашите проблеми. Зачувајте го личното достоинство и трезвеноста на духот.
Стрелец
Можно е во текот на денешниот ден да сте загрижени поради работата и некои проекти, но нема потреба од тоа бидејќи на ова поле сè е во ред. Ќе ја обновите комуникацијата со личност од минатото, и тоа ќе ви годи. Личност од вашето блиско опкружување е заинтересирана за вас. Нема никаква причина да бидете нервозни.
Јарец
Поради различните мислења и интереси, ќе се скарате со партнерот. Но, не грижете се непотребно, напнатоста во воздухот ќе исчезне. Би можеле многу повеќе да заработите кога би покажале поголема иницијатива во работата. Не се потпирајте само на она што ќе го видите, бидејќи има големи изгледи да донесете погрешни заклучоци.
Водолија
Работите може драстично да се променат без никаква најава. Ќе ги гледате оние околу вас на нов начин и ќе ви се отворат хоризонтите. Размислувате долгорочно. На љубовно поле бестрашно напредувате и чекорите кон целите. Држете се до роковите на работните задачи. Работите во тим и учите да ги слушате потребите на сите.
Риби
Денес вашите очекувања ќе бидат многу поголеми од она што ќе ви се случува во реалноста. Избегнете соработка со некој кој ви ветува големи финансиски добивки. На емотивно поле, конечно ќе им се препуштите на искрените емоции и ќе е чувствувате сигурно и удобно покрај партнерот. Студените ноќи поминете ги во неговата прегратка.