Овен
Непотребно сте оптоварени со проблеми што ве оддалечуваат од една драга личност. Насочете ги вашите мисли во позитивна насока. Бидете разумни, нема причина за голем оптимизам во очекувањето дека можете да го промените деловниот поредок или нечија волја. Одржувајте го вниманието и самоконтролата..

Бик
Хармоничните околности на работа не се само последица на фактот дека „sвездите се наместиле како што треба“, туку вие во претходниот период навистина дадовте сѐ од себе да го направите тоа да функционира вака сега. И со емотивен партнер сè ви оди како подмачкано. Вашето расположение може само да се расипе пред крајот на денот, најверојатно, поради некоја документација.

Близнаци
Има денови кога нештата едноставно не функционираат како што треба, без разлика колку и да се трудите. Овие не се големи работи, туку ситници, но доволно да се оптоварувате со тоа гледајќи како другите успеваат да завршат нешто околу што се вие се мачите. Иако еден од вашите колеги или пријатели нуди да ви помогне или се обидува да ве расположи, тешко ви е.

Рак
Работите може драстично да се променат без никаква најава. Ќе ги гледате оние околу вас на нов начин и ќе ви се отворат хоризонтите. Размислувате долгорочно. На љубовно поле бестрашно напредувате и чекорите кон целите. Држете се до роковите на работните задачи. Не дозволувајте нештата да ви лизнат од рацете, барем не кога сте при крај.

Лав
Немате доволно концентрација и тешко ви паѓаат и основните деловни обврски. На емотивно поле, сега е момент во кој врската или ќе ви напредува, или ќе се прекине. Имате чувство дека средни решенија не постојат. Некој од минатото пробува да се врати во вашиот живот, но вие тоа не го прифаќате, бидејќи сакате да ги средите односите во сегашната врска.

Девица
Претераната самодоверба која денес ја чувствувате може мошне да ве исцрпи бидејќи понекогаш непотребно давате сè од себе, всушност, многу повеќе од тоа што можете да си го дозволите. Верувањето во некои блиски лица ќе ви создаде проблеми, внимавајте на кого му се доверувате. Искористете ја вашата енергија за креативни нешта.

Вага
Ќе се обидувате да најдете заеднички јазик со сите, но и самите сте свесни дека тоа е невозможно. Сепак, ќе се обидете да дадете сѐ од себе. Семејните односи денес ќе чкрипаат, па вашите обиди за балансирање славно ќе пропаднат. Иницијативата на брачниот партнер или на некој член од семејството околу некои ситуации само ќе ве иритира дополнително.

Скорпија
Не можете секогаш да управувате со разговорот онака како што сакате. Денес, сте подготвени на сите да им „солите памет“ и да им објаснувате што вие би направиле доколку би биле на местото на некој друг. Со ваквиот настап, можете некои соработници да ги оддалечите од вас, а сериозно да го повредите емотивниот партнер. Не однесувајте се како дете, размислете пред да повредите некого.

Стрелец
Вашите повремени избувнувања им се добро познати на сите. Многумина тогаш бегаат од вас. Понекогаш можеби е добро да се издувате на тој начин, но понекогаш станувате напорни со ваквото однесување и луѓето полека ќе почнат да ве избегнуваат. Вие потоа се покајувате, па се умилкувате. Тоа не му оди во прилог на вашиот имиџ на работа. А, и на партнерот веќе му е преку глава.

Јарец
Ви се чини дека ја гледате вистинската слика за сè околу вас и знаете како треба да се поставите. Сепак, размислете уште еднаш пред да делувате бидејќи вашиот поглед е многу едноставен, а ситуацијата комплицирана па можно е да пропуштите нешто. Вашиот позитивен став пред другите ќе изгледа како слеп оптимизам.

Водолија
Никако не постои начин да се организирате и да трошите многу време на обврските кои нормално ги завршувате брзо и беспрекорно. Поради ова, можете да „вриете“ во себе и во вториот дел од денот да ја истурите целата своја фрустрација на личноста која ќе биде блиску до вас. Ќе биде доволно ситница да ве испровоцира. Многу лесно тоа може да биде емотивниот партнер.

Риби
Денес ги ставате емоциите пред деловните обврски. Ќе ги извршите само потребните работи кои не можете да ги избегнете. Се чувствувате полетно, енергично, живо и не можете да чекате да бидете повторно со личноста што ја сакате. Целиот денешен ден ќе биде за паметење. Страстите ве тресат како никогаш досега.