Овен
Мора да се справите со некој личен проблем ако сакате да продолжите да се движите напред. На работа ќе бидете преплавени со обврски – не плашете се да побарате помош од колегите. Кога станува збор за љубовта, денес избегнувајте ги големите одлуки и ризичните разговори со партнерот. Не се грижете за туѓи проблеми.
Бик
Вашиот партнер ќе биде малку љубоморен и затоа внимавајте. Не си играјте со неговото трпение. Ќе мора да се соочите со нездравите идеи и да надминете некои мали проблеми. Ќе бидете повикани на семејна свеченост или на некоја друга прослава каде ќе бидат присутни интересни личности. Ќе водите интересна дискусија.
Близнаци
Атмосферата во вашето поле на работата станува неподносливо напната. Ова е предизвикано од непријатните вести. Се советува да не му придавате голема важност затоа што станува збор за минлив проблем. Оставете ситуацијата да се смири, вашата позиција засега е стабилна и сигурна. Потребно е да се движите повеќе.
Рак
Мислите дека само вие се трудите. Иако повеќе би сакале да пронајдете обиколен пат и начин за да заработите пари, за вас е подобро да се потпрете исклучиво на своите способности, бидејќи тоа е единствениот начин да успеете. Бидете внимателни, ве очекуваат и тешкотии со авторитетни лица. Добро би ви дошле вежби за растегнување.
Лав
Насобраните проблеми почнуваат да ве мачат и време е да тргнете во нивно разрешување. Не одете во крајност и однапред планирајте ги своите финансиски потфати. Пред вас е исклучително поволен работен ден кој ветува повеќе отколку што сте претпоставувале. Партнерот би можел да биде повреден од некој ваш ненадеен испад.
Девица
Ќе ги спознаете добрите страни на едно пријателство. Од пријателите очекувате премногу. Успешно ќе завршите еден важен разговор или ќе блеснете на состанокот со нови идеи. Искористете го вистинскиот момент и доброто расположение за тимска работа. Ве привлекува личност со која љубовната врска е невозможна.
Вага
Страсното расположение го преточувате во креативност што ве полни со драгоцена енергија. Големата мотивација ве инспирира за одлични деловни потези кои ќе ви донесат чувство на вистинско задоволство. Ќе уживате со секој сегмент од вашиот живот, иако сега ви изгледа дека сте безнадежно вљубени.
Скорпија
Ќе ве мачат сомневања што не се реални. Фантазијата ви се оттргна од контрола, зауздајте ја. Работните активности се секаде околу вас. Ќе работите прекувремено. На работа ве очекуваат некои помали промени од кои нема да бидете многу воодушевени. Ќе сфатите дека најважен во животот ви е личниот простор.
Стрелец
Вашите ставови за љубовта и бракот ќе се сменат. Некој или нешто ви го одвлекува вниманието. Ќе биде доволно само некаде да се појавите и да го решите проблемот што долго ве мачи. Играјте со отворени карти. Многу сте чувствителни и премногу субјективни во оценувањето на вашата емотивна ситуација.
Јарец
На професионално поле, доколку пред вас поставуваат сѐ поголеми и потешки задачи, тогаш треба да ги оправдате со сериозен напор. На емотивно поле, личност со која деловно соработувате би можела да се заинтересира за вас, но вие засега ќе бидете на дистанца. Денеска занимавајте се со ситни финансиски анализи.
Водолија
Треба да го искористите секој можен начин за да дојдете до задоволство. Енергични сте и си ја сакате слободата. Немате комплекси и пример сте за другите. Немој да се изненадите од некои чудни потези на луѓето, очекувајте сè. За да ја задржите хармонијата во врската мора да почнете да правите компромиси.
Риби
Ве привлекува личност која долго време ја познавате, но никогаш не сте ја гледале на романтичен начин? Очекувајте убави моменти, па макар и само платонски. Ќе се родат најубавите можности за да се вљубите до уши. На професионално поле, не треба да се грижите, зашто работите за вас се одвиваат добро.