Овен

Денес сте многу опуштени и немате многу обврски. Во главата ќе ви се појават интересни идеи кои ќе ве донесат до некоја дополнителна заработувачка. Во љубовта вашите емоции и желби воопшто не се усогласени. Ако сте сингл, ќе стапите во контакт со лице од странство, кое е постаро од вас, но тоа нема да ви пречи.

Бик

Време е да продолжите понатаму во љубовта и да ја затворите вратата за една личност. Тимските проекти ќе наидат на неочекувани пречки во претстојните денови. Ќе откриете некои вистини за вашите блиски, кои нема лесно да ги прифатите, но за кои ќе мора да разговарате. Ќе напредувате, иако тоа не ви дошло на ум.

Близнаци

Денес треба да бидете флексибилни со распоредот, обврските, но и со односот кон блиските од семејството и пријателите. На работното место не го одбирајте полесниот пат, може да си навлечете сериозни непријатности. Во љубовта стремете се кон мир и хармонија по секоја цена. Заборавете на кавгите, љубомората…

Рак

Доколку сте во сериозна врска или брак ќе имате некои недоразбирања кои брзо ќе ги решите и всушност само ќе ја зацврстат вашата љубовна состојба. Околностите на работа и понатака се нестабилни, но вие имате можност добро да се снајдете во гужва. Ова особено важи за оние кои се занимаваат со приватен бизнис.

Лав

Вие денес ќе бидете исполнети со многу емотивни искуства. Ќе се поврзате со вашите најблиски роднини. Можеби е стресно на моменти, но во целина ќе се чувствувате задоволни од она што се случува. Обрнете особено внимание  на домот и домаќинството. Нешто што ви изгледа безопасно е здодевниот „трн во пета“.

Девица

Исполнети сте со работен и мотивирачки дух, позитивност на која сите завидуваат. Сите планирани задачи ќе ги завршите брзо и успешно, а ќе има и пари во текот на денот. Задоволни сте од развојот на емотивната состојба, а партнер донекаде го очекува тоа, мислите за подарок што ќе ја направи среќна саканата личност.

Вага

Бидете внимателни да не се префорсирате со физичка работа. На љубовно поле ве очекуваат некој вид на рестрикции. Потребна ви е независност, не се „гушете“ со партнерот. Не ја влошувајте ситуацијата со безпричинска недоверба кон партнерот. Пред вас е предизвик кој нема да ве остави рамнодушни и кој долго сте го чекале.

Скорпија

Соработката со огнени и водени знаци ви носи добра работа. Обидете се да направите некои зделки со странски партнери, тоа ќе ви значи во текот на целата недела Треба да бидете решителни кога желбите и амбициите на вашиот партнер се отворени. Дајте му можност на тој што ве сака, размислувајте помалку за себе.

Стрелец

Размислете внимателно за нечие предупредување пред да започнете нов предизвик или деловна авантура. Работите што ги правите без нечие одобрување претставуваат потенцијален ризик. Важно е дa одржите добар соработнички однос. Партнерот ви дава до знаење дека бара чувство на доверба и сигурност во односот.

Јарец

На дневен ред ќе ви дојдат мал број заостанати работи. Се чини како лесна задача, но сепак ќе мора да одвоите дел од денот за да ја одработите. Ве очекува конструктивен разговор со надредената личност во врска со новиот проект. Другата страна има големи очекувања од вас. Вашите емоции се стабилни и силни.

Водолија

Почнуваат некакви преговори и мора да бидете подготвени за брзи одговори. На љубовно поле ќе бидете фокусирани на заеднички проекти, на уредување на домот, реновирање, време поминато со децата. Трудот во работата ќе ви биде крунисан со успех, без сомневање. Систематски посветете се на планирањето на иднината.

Риби

Оние кои во моментот имаат љубовни проблеми, денес нека побараат друштво на пријатели, бидејќи со нив ќе гледаат појасно и ќе сфатат некои работи. Ве очекува динамична атмосфера во љубовта, од која може да се создадат кавги, но не ги сфаќајте работите сериозно. Кога вие би се прашувале, најубаво ви е кога работите сами.