Овен
Ќе се потрудите да бидете пристојни и со љубезниот однос да ја надминете празнината во личните односи. На мирен начин одлично ќе се поврзете со надредените, како и со подредените. Сите ќе изгледате како големо семејство. Сѐ уште се двоумите околу една финансиска понуда. Ќе ги увидете нејзините предности.
Бик
На љубовно поле, ќе успеете да се договорите за повеќето работи, благодарение на разбраниот пристап од двете страни. На професионално поле, ви се отвораат нови патишта и можности за соработка со деловни партнери од странство. Анализирајте ги можностите. Поместете ги своите граници, можете многу повеќе.
Близнаци
Ќе слушнете вести што ќе ви јa зголемат самодовербата. Сепак, потребен ви е одмор од секојдневниот живот, па обрнете внимание на тоа. На работното место не може да ве спречи ништо, но оставете некоја обврска и за утре. Денес сте му потребни на партнерот. Ислушајте го без да му судите. И тој има тешки денови.
Рак
Денешните љубовни фрустрации ќе ги надминете доколку се посветите на работата или на своето хоби. Некои ќе сакаат да останат сами. На професионално поле, од вас многу се очекува и тоа со право. Можете да се впуштите во поголеми планови и проекти без страв дека тоа е ризично. Добро ви оди.
Лав
Иако копнеете да бидете на врвот, понекогаш и второто место не е за потценување. Денес балансирајте помеѓу соло и тимска работа. Заборавете на егото и оставете вашите дела да зборуваат за вас. Треба да му обрнете повеќе внимание на одредено лице од спротивниот пол и да ги подобрите односите со него.
Девица
Нивото на енергија постојано ќе се менува, па одвојте време да си ги наполните батериите. На работното место контролирајте ги вашите импулси и сè ќе се одвива по план. Денес ќе сакате да се опкружите со сакани личности. Доколку сте сингл, ве очекува интересна средба. Препуштете се на романтичните моменти.
Вага
Во претходниот период имавте многу проблеми, но сепак успеавте сите да ги решите навреме. Вашата врска со саканата личност полека напредува во посакуваниот правец. Можни се многу нови пресврти. Посветете им време и на креативните работи. Чувствувате силна меланхолија, ја барате причината за тоа.
Скорпија
Депресијата ви го разорува животот, мора да излезете од тој негативен круг. Побарајте стручна помош. Размислувајте за понатамошниот живот, забележете дека всушност и не се така лошо поставени работите. Премногу ги осудувате колегите, и тие се во незавидна позиција. Комуницирајте и соработувајте со нив.
Стрелец
Трошите премногу време на неважни работи, а ова ве преморува. Искористете ја креативноста за да ги одредите вашите приоритети. На професионално поле не потценувајте ги вашите идеи и почнете да работите на нив. На поле љубов ве очекува успех, без разлика дали сте сингл или во врска. Ќе имате прекрасни моменти.
Јарец
Доколку се занимавате со приватен бизнис можен е губиток или некоја штета во текот на денешниот ден. Пократко патување би можело да биде многу корисно за вашата работа. Ве очекуваат добри промени. Саканата личност ќе ви ги покаже искрените емоции. Имате можност да уживате во заедничките убави моменти.
Водолија
Навлегувате во период кој ќе биде исполнет со монотонија. Не го сакате тоа но сепак ќе бидете во таква ситуација. Близок пријател ве лаже за неговите постапки. Сонувате да заминете на некоја друга планета и да се одалечите од проблемите, но без реално соочување нема никакво решение. Соочете се и со партнерот.
Риби
Партнерот очекува да му овозможите нешта за кои искрено мислите дека не ги заслужил. На професионален план ќе ги научите лекциите од минатото и лесно ќе ги примените во сегашната ситуација. Од колегите ќе слушнете корисни вести. Љубовта нема да ви биде најважна, почнувате да се оддалечувате од партнерот.