Овен
Загрижени за финансиската состојба и се обидувате да излезете со план за трошоци или нешто што ќе ви овозможи да ја поминете кризата. Дури и ако имате помалку ресурси, тоа не значи дека треба да се откажете од сè што ви причинува задоволство. Може да постигнете сè ако сте добро организирани, но претходно консултирајте се.

Бик
Ќе посакате чувствата да ги изразите или да ги доверите на некој кој е вмешан во вашата љубовна приказна. Во тоа ќе бидете упорни. Денес ќе ви изгледа како она што го работите да не е доволно стабилно или една ситница ќе ве натера да мислите дека ништо не е сигурно.

Близнаци
Доколку ја послушате својата интуиција ќе успеете да започнете со некоја нова и добра работа. Ве очекуваат добивки, кои дополнително ќе ве мотивираат за работа. Финансиите значително ќе се поправат. Вашиот емотивен живот ќе биде многу возбудлив, полн со љубов, страсти, предизвици, нежности, романтика, љубомора.

Рак
Започнува период во кој треба да „поправите“ сè што било оштетено во старата година. Поминете квалитетно време со вашето семејство и организирајте го секое катче од вашиот дом. Полека, полека, во вашиот дом ќе завладеат мир и хармонија, а „виновникот“ ќе бидете вие, со тоа што ќе ги вратите нештата во нормала.

Лав
Имате одговорен однос кон работата и сите своите обврски ги регулирате на време. Не сте задоволни од врската. Ја прекинувате секоја комуникација со партнерот. Сте доживеале голема непријатноста од него, поради што не сакате ниту да го видите, ниту да го слушнете. Многупати сте поминале преку неговите испади.

Девица
На емотивно поле, позицијата на Месечината влијае на вашата емоционална или ментална вознемиреност, потешко ги разликувате вашите субјективни желби во однос на реалната слика. На работа сте оптоварени со различни одговорности, но правите сè што е потребно за да се концентрирате на приоритетните цели и да успеете.

Вага
Јасно ви е дека имате почетна предност во однос на своите соработници, а самоувереноста претставува прв чекор на патот до целта. За среќа, околината ги поддржува вашите идеи. Во љубовниот живот постојат некои суптилни правила, фасцинирајте го својот партнер со необични идеи или големо емотивно внимание. Учете од оние кои се благородни.

Скорпија
Изненадувачки добивате понуда од фирма која не е од вашето место на живеење и веднаш ќе ја прифатите. Потребно е да донесете некои одлуки кои се предизвикувачки. Комуникацијата со саканата личност е сведена на минимум. Се прашувате дали разделбата е следниот чекор. Не се предавајте така лесно, ќе преживеете.

Стрелец
Ќе бидете пооптимистични од порано и конечно ќе донесете дефинитивна одлука. Здравјето ви е малку нестабилно и треба да му посветите малку повеќе внимание. На работа ќе се вратат работите во нормала и ќе имате нов старт. Љубовните грижи ве мачат, но некоја убава средба е на видик, со личност која воопшто не ви паѓа на памет.

Јарец
Некоја личност, која има интересни манири, ќе умее да ве исполни со емоционален занес. Новите случувања претставуваат добра причина за заеднички планови и задоволство. Важно е да се организирате добро, постојат резултати кои истовремено ги потврдуваат вашите интелектуални и практични способности.

Водолија
Имате премногу романсиерска слика за една личност, не бидете наивни. Треба да ги гледате работите во рамките на реалноста. За жал, вашиот успех го губи своето вистинско значење, пред соработниците кои ги оспоруваат вашите професионални способности или заслуги. Трпеливо чекате на нечиј повик, нема потреба да ризикувате.

Риби
Нема потреба да ѝ се спротивставувате на саканата личност, да покажувате добра волја и попустливост. Љубовниот дијалог носи нова радост. На деловно поле, слободно прифатете го предизвикот заснован на лично искуство и работа што носи значителни материјални придобивки. Не можете да влијаете врз однесувањето на партнерот.