Овен

Премногу размислувате за некои работи од минатото, а тоа ве спречува да направите чекор напред. Обидете се да се ослободите од некои болни спомени за ваше добро, па ако е потребно, поразговарајте со некој во кој имате многу доверба. Ќе сфатите дека потребна е храброст за да се соочите со предизвиците, а тоа ќе ви донесе успех.

Бик

Ќе бидете преокупирани со обврски, но не дозволувајте да се заглавите само со нив. Најдете време за себе, да се релаксирате и да се социјализирате. Сепак, избирајте го друштвото и не опколувајте се со луѓе кои пренесуваат негативна енергија. Ако сте во врска, вашиот партнер ретко поминува време со вас, а тоа ве мачи.

Близнаци

Може да почувствувате силна потреба да се извлечете од сѐ, но каде би отишле? Мачнините што ги чувствувате може да бидат одговор на сите притисоци поради кои страдате. Социјалните барања, работните обврски и семејните потреби можат да ве одведат до точка на пукање. Денес исклучете го телефонот, затворете го компјутерот.

Рак

Без разлика дали работите денес, на професионално поле ќе биде како што вие сакате, вие мора да останете доследни и да го сработите она што се очекува од вас. Заборавете на љубоморните сцени, тие никому не му донеле ништо добро. Зближете се само со оние кои истото го чувствуваат. Периодот не ви дозволува да правите грешки.

Лав

Ако сте во брак не ви е лесно со лицето кое смета дека е најдобро тоа да ја контролира целата куќа. Генерално, вие сте многу чувствителни на зборовите на другите луѓе, тоа ве прави слаби и ја губите самодовербата. На деловно поле, на чекор сте до моментот кога ќе ве забележат и оние кои до сега не ве забележувале.

Девица

Соработката со една пријателка може да ви даде идеи и енергија на работа. Може да очекувате пари на самиот крај на неделата. Оние што се слободни имаат страст кон личност што постојано ги чека и од страв ја одложуваат средбата. Здравјето ви е многу добро, но нервозата и нетрпеливоста можат го влошат.

Вага

Не ја покажувајте посесивната страна во љубовта туку покажете повеќе доверба кон партнерот дозволувајќи му да се докаже. На некои ќе им се чини дека сѐ им е однапред зацртано, па немаат многу простор за маневрирање. Ви недостасува дипломатија и такт на состаноците со соработниците. Вистината понекогаш може да повреди.

Скорпија

На љубовно поле владее ентузијазам и страст. Ќе бидете стабилни и сигурни во својата врска , зашто ќе се појават резултатите од вашите претходни љубовни делувања. Меѓутоа, не можете да добиете сè што сакате, без оглед какви трикови користите пред саканата личност. Нема потреба да се преценуваат личните можности.

Стрелец

Ќе сакате да комуницирате само со луѓе кои ви влијаат позитивно. Ако почувствувате нервоза, обидете се да направите лесни вежби за да се раздвижите. Ако работите, денот ќе биде добар, но внимавајте на односите со колегите и клиентите. Треба да обезбедите повеќе информации пред да дејствувате.

Јарец

Нема потреба да се обидувате да импресионирате личности со ограничени ставови. Запомнете дека го немаат сите вашето ниво на зрелост. Некои дебати не можете да ги добиете со знаење, откажете се од нив. Мора да внимавате на вашите финансии. Започнете да размислувате како да заработувате од дома, следејќи ја вашата страст.

Водолија

Во заеднички интерес е деловниот ризик да се сведе на минимум и да се решат актуелните проблеми. Коректно испочитувајте го меѓусебниот договор. Ако ве оптоваруваат емотивни сомнежи, отворено разговарајте со партнерот и инсистирајте на докажување на вистината. Живеете во некој свој розов свет и се залажувате.

Риби

Запомнете дека постои граница помеѓу практичните интереси и емоционалното задоволство, не е дозволено сè што сакате. Вашата критизерска природа или дополнителна упорност околината ја толкува на различни начини. Сепак, тоа нема да ви пречи да го наметнете своето мислење. Добар ден за забава со една посебна личност.