Овен
Ќе верувате дека сте на добар пат , но вашите реакции ќе бидат необмислени. Контролирајте се и се ќе биде добро. Денеска ќе се занимавате со финансиски теми. Ќе бидете задоволни со резултатите, но малку ве загрижува иднината. Ви претстои договор во врска со вложување или состанок со спонзори. Ќе биде малку тензично.Обидете се да бидете појасни.

Бик
Партнерот има забелешки за вашето однесување. Обрнете внимание на изговорените зборови, особено на „пораката“ што се крие меѓу редови. На работа нема потреба да се издвојувате од групата соработници. Подобрите услови даваат можност за подобро деловно изразување.

Близнаци
Неврзаност, отвореност, потреба за слобода дури и кога може да повредите други – тоа е суштината на вашите односи денеска. Не сте свесни за своите грешки. Потребно е да проверите што сте работеле, како сте ги поставиле работите и каде има пропуст. Ќе поработите на поврзувањето со деловните партнери од странство. Таквата работа многу ветува.

Рак
Максимално сте и посветени на работата и сега единствено нешто што ви е важно е како да остварите напредок. Во љубовта оние кои имаат партнер одлично ќе се согласуваат со него. Слободните ги очекува флерт. Во љубовта ве очекува исклучително убав ден.

Лав
Толку многу сте вљубени, но и непотребно посесивни и љубоморни. Поставете си цели и потрошете ја целоата енергија во следните неколку дена и за да ги реализирате. Бидете повнимателни со трошењето, и ако имате проблеми со готовина, размислете дали сте ги преценеле вашите способности и дали сега треба да штедите.

Девица
Животот е тркало, а вие денес ќе се уверите во тоа. Ако до вчера бевте долу и се чувствувавте лошо, сега брзо ќе се најдете на врвот. Направете сè што е во ваша сила за да останете таму. Добра идеја е да направите увид во буџетот со кој располагате. Можеби е време да бидете построги кон себе кога е во прашање вашето трошење.

Вага
Важно е да се разберат нечии желби. Анализирајте ја вашата сакана личност, или работите што не ги разбирате, повнимателно. Некој ве води до погрешен заклучок или лош избор. Затоа, бидете повнимателни пред личноста која има двојни аршини. Не извлекувајте заклучоци засновани врз чувства или први впечатоци.

Скорпија
Бидете малку отворени во деловната комуникација доколку сакате да дојдете до своите цели. Во љубовта можно е да планирате емотивни промени. Не сте среќни во моменталната врска. На љубовното поле ќе имате притисок и нема да можете да ги покажете своите емоции.

Стрелец
Ќе се оддалечите од некои настани кои ви создаваа товар и грижи досега. Објективни сте во носењето одлуки. Во добра форма сте, одржувајте го телото физички активно. Во слободно време сте медијатор, но внимавајте на крај вие да не испаднете виновни за нешто. На љубовно поле ослободете си ги мислите, излезете и опуштете се.

Јарец
Без разлика дали сте незадоволни со финансиите или соработниците, денес мора да размислувате во правец на промени. Актуелната ситуација е неподнослива. Најважно е во целата приказна да го задржите својот внатрешен мир. Еден пријател има тајна која денес ќе излезе на виделина. Покрај сѐ, бидете му поддршка.

Водолија
Не префрлувајте си ја вината на работата од еден на друг. Застанете за момент и размислете дали и вие носите дел од вината, ако е така тогаш насочете се да го разрешите истото. Ако не знаете да справите со вашиот љубовен живот, оставете ги работите да си течат сосема нормално. Понекогаш не можете да влијаете на нештата.

Риби
Тврдоглаво ги браните ставовите во работата, во љубовта денеска сте растоварени. Ќе има ефект. Комуницирајте со колегите на работа, во љубовта ќе се чувствувате со недостаток на енергија. Време е да се реорганизирате на работа. Партнерот денес ќе ве доживува како разгалено дете. Не претерувајте.