Овен
Фазата на уживање во љубовниот живот ќе продолжи и денеска. Ќе имате речиси сè што би можеле да посакате. За да успеете, потпрете се на самите себе. Вие сте најдобар патоказ, како за себе, така и за луѓето околу вас. Луѓето со кои соработувате нема да бидат целосно сигурни во која насока да се продолжи со започнатото.

Бик
Поради различните мислења и интереси, ќе доживеете мал конфликт со партнерот. Не грижете се непотребно, напнатоста ќе исчезне. Тешкотии на ова поле не се исклучени особено ако сте веќе заглавени со кредити. За среќата во домот, важно е да се одржи добра рамнотежа во вашите односи со саканата личност.

Близнаци
Проблемите на работното поле денес ќе ви бидат решени. Вашиот стрес полека попушта. На емотивно поле, ќе се разочарате од некои случувања со партнерот. Врската со саканата личност воопшто не оди онака како што сте замислувале. Се враќате низ сеќавањата, мислите на минатото. Внимавајте на крвниот притисок.

Рак
Трудот кој ќе го вложите денес нема да биде залуден, само направете добра процена. Разговорот со еден колега ќе ви го подобри денот. Ако работите, ќе мора да донесете радикални одлуки. На љубовно поле вложувате повеќе енергија од вообичаено. Но, немојте да инвестирате само вие во односот. Партнерот е многу инертен.

Лав
На работа, несакајќи ќе дојдете до важни информации кои ќе ви послужат да ги решите проблемите кои ги имате. Ќе имате многу среќа, па некои проблеми ќе ги решите со минимален труд. Ви се допаѓа близок пријател кој и не покажува голем интерес за вас. Размислете дали вреди да го нарушите пријателството поради чувствата.

Девица
Ќе сфатите дека треба да ја прифатите состојбата каква што е. Тоа ќе биде зрела одлука што ќе треба да ја спроведете. Некои ќе имаат финансиска добивка, а други ќе осмислат подобар начин на заработувачка. Несоодветните разговори ќе ја повредат саканата личност. Во последно време, како да не ви е важно што мисли партнерот

Вага
Сочувајте ја присебноста во некои ситуации. Прифатете нечие извинување како позитивен сигнал за идни договори за заеднички инвестиции и деловна соработка. Нема причина да го проценувате однесувањето на личноста што ве интересира како да нема никакви чувства кон вас. Потрудете се правилно да ги сфати вашите намери.

Скорпија
Добро проверете ги информациите што доаѓаат до вас за да не губите време залудно. Потребата да ги организирате работите ќе надвладее со вас и ништо нема да ве сопре. Единствената слабост ви е ниското ниво на енергија. Толку многу љубов и страст доаѓа во врската, партнерот ќе биде среќен поради промената.

Стрелец
Среќата ќе ви биде наклонета и ќе се ослободите од некоја грижа која долго ве мачи. Ќе бидете поотворени за комуникација и дружење со другите. Ве очекуваат новитети во животот, фокусирајте се на одредени детали на финансиски план. На љубовно поле ќе бидете многу нежни и љубовни, партнерот ќе биде воодушевен!

Јарец
Во новата година си ветивте дека ќе се грижите за себе и ќе се потсетувате да не отстапувате премногу од вашиот режим на исхрана. Сепак, тоа не значи да бидете престроги кон себе. Организираноста ќе ви биде одлична, па сè во вашиот дом ќе изгледа совршено. Ако сте домаќин на некоја семејна прослава, ќе воодушевите со вашите вештини.

Водолија
Обемот на работа може да прерасне во опсесивна борба со ветерниците. Вашата упорност е доблест, но понекогаш е попаметно да застанете. Им забележувате на луѓето што фантазираат и не земате предвид дека не сте ниту рационален тип, а вашите одлуки честопати се ирационални. Не се обидувајте да започнете нов деловен проект.

Риби
Конечно партнерот ќе ви ги покаже искрените чувства. Настапуваат големи промени во вашата врска. Ве очекува сосема добар ден за работа. Сега сè што ќе замислите, на крај и ќе го реализирате. Ако во моментот не работите, не очајувајте, ве очекува шанса за нова работа. Одличен период на сите полиња.