Овен
Партнерот има различни забелешки на вашето однесување, но оправдувањето не изгледа доволно убедливо. Послушајте нечија молба, исполнете нечија желба. Вашата загуба ја илустрира моменталната состојба на деловната сцена, не треба да бидете оптоварени со лоши мисли. Слободното време посветете го на омилено хоби,

Бик
Оние припадници на знакот кои се во тајна љубовна врска, денес ќе се најдат пред промена на статусот. Би можеле да препознаете нешто што не го гледаат другите и да делувате во таа насока. Некој можеби нема да ве разбере. Одличен ден за деловни патувања, состаноци или преговори. Работите ќе ви одат од рака.

Близнаци
Новите познанства овие денови, во иднина ќе ви донесат позитивни вести. Денес некој ќе ве стави на „жешко столче“, без некоја посебна причина. Ова непријатно чувство може да доведе до напнатост ако премногу реагирате. Бидете сигурни дека ги имате сите факти пред да кажете нешто. Целата ситуација може да биде само едно недоразбирање.

Рак
Вашето его е крајно нагласено денес. Пред вас е период кога ќе можете да го реализирате вашиот план во врска со доминацијата во некоја ситуација или личност. Создавајте, а во никој случај не уништувајте. Енергијата што не се користи на позитивен начин може да ви се врати како бумеранг – и тоа на негативен начин.

Лав
Денешниот ден ќе носи ситуации топло-ладно, и тоа на сите полиња. Во попладневните часови вашата сакана личност ќе престане да ги повторува своите барања и ќе се „симне на земја“. На деловно поле, ќе бидете кооперативни, иако нема во сè да се согласите со соработниците. Но, овој зрел пристап подоцна ќе донесе резултати.

Девица
Денешниот ден многу ветува, се познава од утрото. Ќе добиете некои неочекувани новости кои ќе ве расположат. Чувството на релаксираност и внатрешен мир ќе ви овозможи да си ги наполните батериите. Фокусирајте се на рекреативни активности. Ќе имате подобро разбирање за партнерот и ќе заборавите на тврдоглавоста.

Вага
Важно е да ги разберете оние што ги сакате. Потрудете се да постигнете емоционална блискост и да задоволите нечии потреби. Имате голема самодоверба, бидејќи во некои критични ситуации знаете како да донесете правилна одлука. Покажувате прекумерна сентименталност на деловните состаноци и амбиции.

Скорпија
Конечно ќе правите нешто што не сте го правеле со денови, недели… Ќе уживате во долгите разговори со саканата личност и таа ќе ве фасцинира. Со оглед на тоа што сте навикнати да држите сѐ во себе и да не им се спротивставувате на надредените, може да се случи поради замор да бидете под голем стрес и притисок.

Стрелец
Ако постои нешто за што треба да се борите, тогаш денес е денот за такво нешто. Досега само сте ги проучувале начините за тоа. Време е за акција. Поседувате дополнителна виталност и инстинкт на воин. Се чувствувате како вулкан подготвен да исфрли лава. Верувајте и следете ги своите инстинкти. Не плашете се од последиците.

Јарец
Нема да бидете расположени за борба. Ако некој ве предизвикува, обидете се да дојдете до поентата на ваш начин. Најверојатно ќе бидете способни вербално да ја добиете секоја битка. Обидете се со почувствителен пристап отколку со отворен борбен став. Внимателно слушајте ја спротивната страна и испланирајте го секој чекор.

Водолија
Бидете горди на своите инстинкти кои успешно ги негувате. Направете нешто хумано и корисно денес за природата и светот околу нас. Придружете се во некоја добротворна организација. Не дозволувајте другите да ви застанат на патот и да ве спречат да ја постигнете целта која сте ја зацртале во животот. Кажете го она во што верувате.

Риби
Некој или нешто ќе ве присили да направите важни потези денес. Бидете сигурни дека одите во вистинската насока. Запомнете дека силата е во бројките! Ако бидете поразени, луѓето мора да се обединат, а не да се борат помеѓу себе. Клучно е да се прифатат разликите и да се работи заедно на големите проблеми, кои влијаат на сите.