Oвен

Секогаш постои одредена разврска или добра можност вешто и ефикасно да се постигне она што другите не можат да го направат. Вие сте доволно способни да ги реализирате вашите намери. Но, вие не сте доволно убедливи кога одговарате на нечии провокативни прашања. Нема причина да се тестира нечија трпеливост или емоционална наклонетост. Прифатете ја идејата на вашиот партнер без непотребни прашања.

Бик

Имате „убедлива приказна“, но некому не му е гајле што дали вистината за која се залагате ќе излезе на виделина. Можен конфликт со една личност може да се претвори во незгодна ситуација или одредена загуба. Бидете доволно внимателни во изјавите, воздржете се од секаков вид театарско однесување пред саканата личност.

Близнаци

Нема потреба негативните емоции да преовладуваат во вас, но во исто време не ги потценувајте нечии интелектуални или практични способности. Важно е да се задржи меѓусебната доверба и приврзаност во средбата со саканата личност. Непотребно ги преувеличувате вашите сомнежи.

Рак

Некој има позитивно влијание врз вашето креативно расположение и активност. Постои личност која ве охрабрува да направите креативни промени. Нема потреба да се двоумите пред нова можност, покажете дека има добра волја во вас. Направете сè што е потребно за да привлечете нечие внимание или да го зголемите вашето емотивно задоволство во нечие друштво.

Лав

Ако некој ве предупреди да го промените однесувањето или вашите барања, прифатете одреден компромис. Избегнувајте варијанта на екстремно однесување и прекумерна манифестација. Премногу чувствително реагирате на разни ситници, има ситуации што вашиот партнер ги доживува на поинаков начин. На светот околу вас гледате поинаку.

Девица

Ви исчезнува чувството за дипломатија, кога сте соочени со луѓе кои ги предизвикуваат вашите способности. Важно е да молчите за ситуации што можат да бидат погрешно разбрани или погрешно протолкувани. Ако некој упорно ве критикува, тоа може да биде добра тема за размислување или преиспитување, но не и причина за нова емотивна дискусија.

Вага

Некој ќе ви посочи да го промените однесувањето или да прифатите нови правила. Размислете добро, но не дозволувајте никој да ве казнува за некои ситни пропусти. На вашиот партнер му недостасува самодоверба, а вам ви недостасува добра волја. Не сакате да влезете во нова дискусија и да ја повторувате веќе познатата приказна. Слободното време посветете го на психо-физичка релаксација.

Скорпија

Делувате нетрпеливо, но дополнителна иницијатива од ваша страна нема да донесе позитивни резултати и некаква корист. Доколку сакате да бидете поразлични од луѓето што ве опкружуваат, треба да бидете подготвени да прифатите различни реакции и коментари. Важно е да го направите она што го чувствувате, не избрзувајте со одлуките за да не оставите лош впечаток кај блиска личност.

Стрелец

Вие сте свесни за своите влијанија или можности, како и ограничувањата кои се поставени пред вас. Ако не можете да го постигнете сето она што сте го наумиле, важно е да размислите селективно и да направите список на приоритети. Нема потреба да играте емоционална рамнодушност или да користите нови изговори во друштво на некој близок. Бидете искрени со вашиот партнер.

Јарец

Премногу избрзано се обидувате да процените некоја нова ситуација, но за среќа ја добивате поддршката од најблиските. Изгледа дека сте расположени за некоја поопуштена забава. Партнерот лесно одговара на вашиот повик и искрено сака да ви удоволи.

Водолија

Ве погодува нечија неправда или себичност. Сепак, важно е работите да завршат на добар начин и без нови конфликти. Ќе ги изненадите оние кои очекуваат спротивен ефект. Понекогаш треба да го исклучите умот, постои личност која е исклучително инспиративна и среќна. Не ги задржувајте чувствата и емоционалните желби.

Риби

Некој се обидува да ве наведе кон нивните интереси, но вие сте доволно мудри и вешто избегнувате разни влијанија или наметнување на туѓа волја. На крајот, ќе се покаже дека вашите тактики носат подобар успех отколку критериумите што ги користат другите. Повторно, чувате важни детали за некои настани пред вашиот партнер. Не можете да очекувате повеќе од она што ви припаѓа.