ОВЕН
Не дозволувајте ситните кавги со домашните да ве исфрлат од такт. Кога ќе забележите дека сте налутени, повлечете се во самотија и бројте до 10 – брзо ќе се смирите и ќе го избегнете непотребниот конфликт. Ако нешто на работа ви ја наруши рутината, ќе мора се да почнете да работите од почеток. Нема да ви биде по ќеф.
БИК
Не возете брзо и почитувајте ги сообраќајните правила. Ако не сте претпазливи, би можеле да бидете казнети поради непрописно паркирање. На работа ќе биде динамично. Работниот ден брзо ќе ви помине, бидејќи ќе имате многу работа, а некои од вас ќе одат на службено патување.
БЛИЗНАЦИ
Немојте да го губите оптимизмот ако западнете во финансиски неволји. Решението ви е на дофат на рацете, затоа уште малку стрпете се и во меѓувреме пронајдете го најдобриот начин за заштеда. Немојте да претерувате во јадењето и пиењето, бидејќи ќе бидете склони кон желудочни пречки.
РАК
Не одложувајте ги наталожените професионални проблеми и не откажувајте се ако се сретнете со некој предизвик. Резултатите ќе ги надминат вашите очекувања и ќе ве убедат дека во иднина не смеете лесно да се откажувате. Некој отворено ќе ви покаже наклонетост. Нема место за повлекување.
ЛАВ
Пред да направите нешто денес, особено кога станува збор за работата, помислете на последиците. Не избрзувајте и останете смирени. Потребна ви е промена, па не плашете се да го преземете првиот чекор. На љубовен план, не донесувајте одлуки што ќе влијаат врз далечната иднина.
ДЕВИЦА
Секогаш сте желни да знаете повеќе и да направите повеќе, а ова особено ќе се цени на работното место. Истражувајте и дознавајте сè што би ви помогнало во понатамошната кариера. Не заборавајте да се забавувате додека учите или работите. Во љубовта, се чувствувате добро во сопствената кожа.
ВАГА
Не одложувајте ја посетата кај лекар ако имате какви било тегоби. Откако ќе ги направите потребните анализи и прегледи, ќе ви олесни бидејќи ќе сфатите дека ситуацијата сте ја замислувале многу полоша отколку што е. Ако имате проблеми со некој колега, обидете се да ги решите без вплеткување на надредените.
СКОРПИЈА
Внимавајте на парите денес. Големи се шансите да имате непредвиден трошок или да направите лоша инвестиција, па претпазливоста е повеќе од пожелна. Играјте на сигурно и нема да зажалите. На љубовен план ќе ве надвладува импулсивноста. Не донесувајте важни одлуки.
СТРЕЛЕЦ
Денес трпеливоста е за претпочитање. Во неколку наврати ќе се чувствувате како да ќе избувнете, но ќе успеете да ги надвладеете силните емоции и ќе зрачите со смиреност. Планетите ќе ви подарат моќ да одлучувате какви чувства ќе оддавате кон околината, па потрудете се тоа да се позитивни вибрации.
ЈАРЕЦ
Денес максимално ќе ве привлекуваат елоквентни личности, кои умеат да ви се протнат под кожата. Љубезните зборови и комплиментите ќе ви го растреперуваат срцето, па внимавајте кого ќе пуштите блиску до себе. Некои Јарци одново ќе се вљубат во партнерот токму поради можност да поразговараат во опуштена атмосфера.
ВОДОЛИЈА
Кои се вашите вистински пријатели? Денес планетите ќе ве поттикнат посериозно да се замислите за лицата со кои секојдневно комуницирате и на кои сте им подариле дел од вашето срце. Ова е одличен ден за интимни средби „еден на еден“, независно дали се роднински, пријателски или љубовни.
РИБИ
Имате мали проблеми во комуникацијата со колегите. Решете ги недоразбирањата навреме за да не настанат големи проблеми. Поминувате многу време во затворен простор, па денес излезете надвор. Свежиот воздух ќе ви годи.