Овен

Ќе завршите навистина голема работа. И самите ќе се изненадите колку на крајот сето тоа поминало без тешкотии од кои сте се плашеле и сте ги очекувале. Сепак, во другиот дел од денот ќе можете да се чувствувате како „издувен балон“, па нема да бидете во поттикнувачко расположение кога партнерот ќе предложи средба или излегување.

Бик

Бидете максимално внимателни на работа. Постои можност да бидете жртва на измама, така што добро проверете ги докуметните кои ги потпишувате. Односот со партнерот е динамичен и незадоволувачки. Постојано се карате и не ги решавате проблемите. Ја загрозувате врската со своите лаги. Другата страна ви верува.

Близнаци

Ако во емотивните прашања се потпирате на вашиот внатрешен глас, денеска тоа може да ви донесе многу среќа и задоволство. Сите работи поврзани со алтернативното, како и оние поврзани со психологијата, денеска ќе се одвиваат исклучително добро. Работата ставете ја на прво место, бидејќи емотивно не сте баш во добра сфера.

Рак

Никако не успевате да ги завршите своите обврски. Милион работи ви пречат и ви го одвлекуваат вниманието. За среќа, некој ќе се понуди малку да ви притекне напомош. Попладневните часови се добри за средба со саканата личност, особено ако треба да решите некои проблеми од претходните денови. Соочете се, не одолговлекувајте!

Лав

Важна понуда доаѓа до вас и вие имате големи очекувања. Како што денот ќе одминува, вие ќе се чувствувате сѐ подобро, попоттикнувачки и ќе можете да завршите многу повеќе работа од она што сте го планирале. Ќе бидете одлично расположени и великодушни кон саканата личност. Денот ќе биде исполнет со среќа и задоволства.

Девица

Денот може да донесе нервоза и преокупираност со личната проблематика и малку е веројатно дека ќе успеете да се усогласите со редовните обврски. Соберете се малку и не дозволувајте денот потполно да ви пропадне. На службено патување ќе сфатите дека треба да го прифатите она што ви го предлагаат, сосе ризикот.

Вага

Вие сте задоволни со тоа како се развива врската. Свесни сте дека врската е сериозна и стабилна. Ви се допаѓа љубомората на вашиот партнер. Денес ќе видите позитивни резултати од изминатиот труд и ништо нема да ви го расипе расположението. На работа ќе бидете мотивирани и ќе ја покажете вашата вистинска вредност.

Скорпија

На љубовно поле нештата се одлични и денес ќе добиете одговори на прашањата кои ве мачат подолго време. Најважно од сѐ е да не се потпирате само на она што ќе го видите, бидејќи има големи изгледи да донесете погрешни заклучоци. Започнете да размислувате за промените во животните навики. Ќе донесувате големи одлуки.

Стрелец

Ѕвездите денес ви порачуваат дека на вашата врска ѝ е потребна нова насока, иако вие можеби сè уште не сте откриле во кој правец сакате таа да оди. Ќе мора да посегнете по своите најдлабоки желби и потреби, да погледнете малку подалеку во иднината и да откриете дали ова е насоката во која сакате да се движи вашата врска.

Јарец

Со оглед на тоа што сте навикнати да држите сѐ во себе и да не им се спротиставувате на надредените, може да се случи поради замор да бидете под голем стрес. Не игонорирајте ги пријателите, поканете ги на ручек и разговарајте за интересни работи. Избегнувајте претерано да се исцрпувате. Потребно ви е движење, но и одмор.

Водолија

Вашите цели можат да ве кренат на повисоко ниво. Побарајте ги! Нема да ви биде лесно да ги најдете најдлабоките и најсилните чувства кои поместуваат планини. Искористите некои духовни принципи за да оставите таков впечаток. Оставете го егото настрана и се ставете во позиција на партнерот, гледајте ги работите од неговиот агол.

Риби

Вие сте конфликтна личност и очекувате премногу од вашата околина. Многумина ве критикуваат со причина. Денес ќе претерате во критикувањето на колегите, а тоа нема да оди во корист на вашиот имиџ на работното место. Во односот со партнерот е потребно да покажете малку повеќе волја и работите ќе се завртат во ваша корист.