ДКСК го повикува Судскиот совет на Република Северна Македонија, во рамки на неговите законски надлежности, да го разгледа случајот со судската одлука поврзана со ИРЛ и новинарката Сашка Цветковска.

Државната комисија за спречување на корупцијата укажува на неопходноста да се почитува независното истражувачко новинарство и слободата на говорот како темели на демократијата, а судството како самостојна и независна власт да функционира согласно уставните начела, истакнува ДКСК во врска со судската одлука поврзана со ИРЛ и новинарката Сашка Цветковска.

– Независното истражувачко новинарство, како и независното судство се столбови на демократските општества и основа за функционирање на правната држава и владеење на правото. Ова дотолку повеќе што Република Северна Македонија е кандидат за членство во ЕУ, каде што се почитуваат европските вредности и принципи за демократија, транспарентност и одговорност, потенцираат од ДКСК