Сопругата на екс генсекот на Владата Драги Рашковски добила како подарок автомобил Доџ Вајпер СРТ од 2005 година, кој е проблематичен за Антикорупциската комисија, јавува Телма. Проценката е дека пазарната вредност е најмалку 50 илјади евра, а во анкетниот лист на Рашковски е пријавено дека вреди 5 илјади, открила Антикорупциска. Според информациите автомобилот претходно бил на човек кој наводно го купил од гостиварска фирма за 5 илјади евра.
ДКСК открила дека истата гостиварска фирма побарала услуга од Генералниот секретаријат на Владата во декември 2018 додека генерален секретар беше Рашковски. Фирмата барала на државен деловен простор во Гостивар да има пренесено право на градење и уредување, а и покрај негативното мислење од транспорт, секретаријатот го ставил на седница на влада преддоговорот. Ова не поминало на влада но ДКСК покрена иницијатива до обвинителството. Инаку Рашковски наскоро очекува судење за злоупотреби на пари од Буџетот за купување на софтвери што никогаш не биле потребни.