Комисијата за спречување на корупцијата работи на оформување на случај за компаниите кои ќе вршат надзор над работата на меѓународниот конзорциум „Бехтел-Енка“. Под лупа на антикорупциска е шпанската компанија „ЕПТИСА“.

„Постапката само што започна. Ни треба повеќе време за да ги собереме сите потребни докази и документи. Во некои случаи бараме помош и од други институции и така се случува постапката да се одолговлечи“, рече Катица Николовска, член на Антикорупциска.

Но, за премиерот Ковачевски, истрагата на антикорупционерите не ја попречуваат реализацијата на проектот.

Според опозицијата, со изборот на кинески и руски компании во надзорот на работата на турско-американскиот конзорциум, Владата е противречна со стратешките определби за спречување на ширењето на руско и кинеско влијание во земјава.

Одговарајќи за кинеското влијание премиерот изјави дека соработката меѓу Владите и големите корпорации не е вклучена во опсегот на влијание. Владата на 8 март го потпиша договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10-Д. Надзор ќе бидат „ИРД инженеринг“, „Електра консалтинг“, „ЕПТИСА“ и „Евроконсалтинг“.