Британскиот премиер Борис Џонсон вети дека ќе ја продолжи воената поддршка за Украина во денешниот телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Премиерот ја истакна тековната посветеност на Велика Британија да работи заедно со меѓународните партнери за да ја координира поддршката за зајакнување на самоодбраната на Украина, се наведува во соопштението на Даунинг стрит.
Двајцата лидери ја истакнаа континуираната важност на санкциите за вршење притисок врз рускиот претседател Владимир Путин и ги осудија одвратните напади врз невините цивили, по ужасните бомбардирања во Мариупол, се додава во соопштението.