Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека оддалечувањето од руската нафта и гас ќе помогне во енергетската безбедност на Велика Британија.
Тој рече дека нестабилноста на цените на бензинот во Европа е „последица на тој пропуст“ на Западот да ѝ се спротивстави на Русија во 2014 година кога беше анектиран Крим.
„Ние во Британија успеавме значително да ја намалиме зависноста од рускиот гас. Само 3% од нашите испораки на гас сега доаѓаат од Русија“.
Џонсон рече дека одговорот се состои и од давање лиценци за британските резерви на гас, но и префрлање на енергија со ниска јаглеродна содржина, вклучувајќи и нуклеарна енергија.
„Колку побрзо оваа земја ќе може да се потпре само на сопствената енергија, толку ќе бидеме попросперитетни, но исто така, се разбира, толку поодржливи ќе бидат нашите цени на енергијата, а тоа ќе биде од корист за британските потрошувачи“, рече тој.
Џонсон рече дека британските санкции ќе ги погодат „економските интереси што ја поддржуваат руската воена машина“.
„Тие ќе ја погодат Русија многу силно и има уште многу работи што ќе ги направиме во случај на инвазија“, вели тој.
„Немајте сомнеж дека ако руските компании бидат спречени да собираат капитал на финансиските пазари во Обединетото Кралство, ако ја одлупиме фасадата на руската сопственост на компаниите, на имотот, тоа ќе почне да боли.“