Денес во Штип беше поставена уште една уметничка инсталација со која се истакнува дека зголемувањето минимална плата од 18 000 денари е повеќе од заслужено кога станува збор за штипските текстилни работнички и работници. Џиновска машина за шиење извезе 18.000 денари на црвеното работничко платно во штипскиот парк, на очиглед на целата јавност и на медиумите.

Граѓаните минувачи велат дека вработените во фабриките се подвиткани со часови над машините за шиење, често во тешки услови за работа, главно жени, кои во исто време мораат да се грижат и за своите семејства. Текстилните работници се столбот на штипското стопанство и на локалната заедница. Затоа, целосно оправдано и поддржано е поставувањето на минималната плата на 18.000 денари, двојно повеќе од оние 9.000 денари во 2017 година, нешто што ќе овозможи подобрување на квалитетот на живот и олеснување на секојдневните проблеми, но и раст на сите плати понатаму.

Подигнувањето на минималната плата е добар процес кој мора да биде во постојано да ги следи тековите во општеството и да овозможува достоинствен живот за работниците. Заедно со подобрување на состојбите поврзани со работничките права, кои за жал беа запоставени до пред неколку години, тоа се политики кои мора да останат постојано во фокусот на властите, особено ако станува збор за левичарска политичка опција.