Додека се одржуваше Советодавниот состанок на Советот за национална безбедност за приемот на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, ВМРО-Бугарија, предводено од европратеникот Ангел Џамбаски и поранешниот министер Красимир Каракачанов одржа мирен собир на кој побараа да не се отстапува од условите кои се поставени за Македонија да ги почне преговорите. Воедно на протестот се скандираше, а беше истакнат транспарент со порака Македонија е Бугарска, како и транспарент со ликот на Гоце Делчев.
Ве повикуваме да не ги пренесувате интересите на македонските Бугари, ве повикуваме да не го пренесувате споменот на нашите предци, нашата национална свест, самоопределување, национална историја, традиција и култура, изјави Ангел Џамбаски од ВМРО-Бугарија и европратеник.
Прикаските кои што ги слушаме од доскорашниот премиер и некои негови следбеници, дека интерграцијата е многу важна , дека европските вредности се важни општи приказни. Дали е европска вредност една држава која е кандидат за ЕУ да го почитува својот сосед кој веќе е член. А, нели е европска вредност да ги нарекуваш, нас, Бугарите-татари, фашисти, окупатори…., изјави Красимир Каракачанов, од ВМРО-Бугарија и поранешен министер.